Смешна, но информативна пародија на песната „Can’t Touch This“ поврзана со коронавирусот

Поради коронавирусот многу училишта во светот не знаат дали во септември ќе ја започнат учебната година. Родителите се загрижени за безбедноста на нивните деца, а директорот на едно училиште во Алабама коj ги разбира грижите околу учебната година, за да го намали стресот решил да ги насмее луѓето. Тој направил смешна и информативна пародија на песната „Can’t Touch This“ поврзана со коронавирусот.

Тој со песната шири информации за безбедносните мерки кои треба да се превземат во училиштата. Можете да забележите дека носи заштитна маска и држи шише со распрскувач, како и термометар. Преку смешно видео тој им пренесува на сите за правилата за безбедност кај учениците и наставниците. Оваа пародија офаќа сè што треба да го почитуваат луѓето додека ние продолжуваме да живееме во „ново нормално“.

Погледнете на кои 12 места лекарите никогаш не би отишле за време на пандемијата на короновирусот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар