Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

Швајцарското село Лаутербрунен изгледа како да излегло од зад сцената за некој романтичен филм снимен во природа. Има нешто повеќе од две илјади жители и се наоѓа во бујна зелена долина украсена со дрвја и цвеќиња, а погледот нагоре завршува на огромни планински врвови.


Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

1. Сосема необично

Селото се состои од неколку улици полни со продавници, ресторани и куќи. Далеку е од големо, но добро е да биде токму такво, затоа што својата големина ја компензира со шармот и убавината со кои ги освојува сите странци, но и локалните жители.

2. Поглед на фантастичен водопад

Лаутербрунен го добил прекарот „место на 72 водопади“ од сосема оправдана причина. Видливи се многу мали и големи водопади, а до некои може да стигнете многу блиску до нив. Што се однесува до водопадите, најдобро е да го посетите Стаубах. Сместен е на периферијата на селото, а до нив ве очекува опуштена прошетка. Одлично е што можете да стигнете до самиот водопад, поточно зад него, и да ги видите Лаутербрунен и долината низ „вода што паѓа“.

3. Градба на најголема надморска височина во Европа што е изградена од човек

Посетата на опсерваторијата Сфинга е совршена за патниците кои бараат незаборавно искуство. Турата низ областа се плаќа, но тоа е навистина незаборавно искуство. Врвот ќе го достигнете минувајќи низ Јунгфраујох, највисоката железничка станица во Европа. Погледот од опсерваторијата достигнува дури до Франција, Италија и Германија, така што само тој факт е доволна мамка за посета на ова село.

4. Незаборавни пешачки патеки

Кога сте таму, заборавете на автомобилот, бидејќи ќе бидете поврзани со жичарници и возови. Околните планини нудат многубројни пешачки патеки, кои минуваат низ шумата, преку потоците, покрај водопадите итн.

5. Блиску до другите убавини на Швајцарија

Една од предностите на Лаутербрунен е неговата близина со другите прекрасни швајцарски дестинации. Ако сакате да пешачите или да скијате, можете многу брзо да стигнете до Гринделвалд. Ако сакате да „скокнете во културата“, возот веднаш ве носи во Интерлакен. Блиску е и Женева, а ниту Цирих не е предалеку. Всушност, не можете да погрешите со Лаутербрунен, ниту со Швајцарија.

Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

Погледнете ја оваа италијанска плажа скриена зад фјордовите со прекрасни куќички во карпите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар