Што зборува омилената боја за вашиот карактер?

Верувале или не, омилената боја може да открие многу нешта за вашиот карактер. Преку карактеристиките на омилената боја може да дознаете многу за тоа како реагирате во одредени ситуации, дали сте креативни или практични, што најмногу сакате да правите, па дури и каков впечаток оставате на другите околу вас.

Па, која е вашата омилена боја?

Црвена

(0) shto-zboruva-omilenata-boja-za-vashiot-karakter.kafepauza.mk

Овие луѓе се оптимисти и прилично екстровертни по природа. Сакаат кога се физички активни, уживаат во авантури и во моментите кога се во центарот на вниманието. Тие се полни со ентузијазам и страст, а како резултат на тоа се амбициозни и борбени. Одлучноста им е една од најјаките страни, која најчесто се јавува поради недостаток од трпение.

Бела

2.1-shto-zboruva-omilenata-boja-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Домот и самиот личен изглед на овие луѓе е чист и беспрекорен. Имаат визија и наоѓаат нешто позитивно во секоја ситуација. Практични се, разумни и многу внимателни. Иако навидум се срамежливи, всушност многу веруваат во себе и во своите способности, што пак им помага силно и јасно да стојат зад личните ставови и верувања.

Зелена

3.1-shto-zboruva-omilenata-boja-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Практични и приземјени личности. Имаат огромна потреба да сакаат и да бидат сакани, па затоа се неверојатно љубезни, дарежливи и емпатични. Не се плашат да ги покажат чувствата и токму тоа ги прави привлечни. Високите морални вредности им се подеднакво важни кај себе и кај другите. Не сакаат ризици, туку удобен живот без многу грижи. Тешко прифаќаат порази.

Сина

(3) shto-zboruva-omilenata-boja-za-vashiot-karakter.kafepauza.mk

Ова се многу доверливи личности, на кои секогаш можете да се потпрете. Не се импулсивни и секогаш добро размислуваат пред да прозборат. Работат бавно, но сигурно. Емпатијата е една од нивните најјаки страни, што ги прави привлечни. Претпочитаат мал, но искрен круг на пријатели. Многу се смирени и тешко ќе успеете да ги изнервирате. Напати се конзервативни и тврдоглави, а како резултат на тоа тешко прифаќаат промени и нови случувања.

Виолетова

5.1-shto-zboruva-omilenata-boja-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Навистина харизматични луѓе, кои знаат да ги разберат и да сочувствуваат со другите. Позитивни се и инспирираат, дури и кога им е најтешко. Одговорноста не им е најјака страна, но сепак умеат да се справат со непријателите и знаат да ги решаваат проблемите. Имаат уникатен стил и не се конформисти.

Црна

(5) shto-zboruva-omilenata-boja-za-vashiot-karakter.kafepauza.mk

Независни, одлучни, силни – трите зборови што најмногу им одговараат на љубителите на оваа боја. Кога станува збор за работата, тие се многу методични, истрајни и внимаваат на секој детаљ, додека не се постигне совршенство. Иако однатре можеби се несигурни, тоа никогаш нема да го покажат пред другите. Оддаваат впечаток на силни и достоинствени луѓе. Во односите со луѓето се дистанцирани, со што ги прикриваат нивните слабости и несигурности.

Розова

(6) shto-zboruva-omilenata-boja-za-vashiot-karakter.kafepauza.mk

Ова се љубезни и дарежливи луѓе. Тие се дружељубиви, приемчиви и топли во односите со другите. По природа, се многу мајчински настроени и сакаат да се грижат за другите. Добрата организација им е многу важна и сакаат кога имаат контрола над случувањата. Другите за нив сметаат дека се срамежливи, резервирани и смирени, но всушност не е така.

Жолта

8.1-shto-zboruva-omilenata-boja-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Ведри, среќни, креативни личности, што сакаат да мечтаат и тежнеат да бидат независни. Иако сакаат да бидат методични и да ја анализираат секоја ситуација, понекогаш неспокојот ги прави импулсивни. Имаат одлични комуникациски вештини, а сепак сакаат мал круг на пријатели. Во глобала, овие луѓе се љубезни и приемчиви, но ако некој ги налути, знаат да бидат и многу остри и непредвидливи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар