Фотоманипулации од 20-годишна девојка кои ќе ве однесат во еден сосема поинаков свет

Фотоманипулации од 20-годишна девојка кои ќе ве однесат во еден сосема поинаков свет

20-годишната Катарина Јунг од Германија, со помош на својот фотоапарат и фотоманипулацијата создава неверојатни сцени со чудна и мистериозна убавина. И покрај тоа што се занимава со фотографирање од 2012 година, таа веќе има огромно портфолио кое е преполно со драматични портрети и спектакуларно концептуални фотографии. Користејќи ја природната убавина на пејзажите кои се наоѓаат во близина на нејзиниот дом, Јунг се фотографира себеси, но и други модели во невозможни ситуации кои изгледаат како неверојатни сцени од соништата, во кои се вклопуваат елементи на надреалност и фантазија со цел да се создадат впечатливи визуелни приказни.

Фотоманипулации од 20-годишна девојка кои ќе ве однесат во еден сосема поинаков свет

Според Јунг, фотографирањето е ефикасен начин за справување со интензивни чувства. Таа вели:

„Можеби станува збор за скршено срце, страв од загуба или обесправеност – фотографот секогаш комуницира со гледачот. Можам да кажам дека јас се обидувам да ги претворам моите емоции во фотографии. И тоа ми помага да се носам со поголемиот дел од нив.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар