Што се случува со вашиот мозок кога наутро ќе видите снег низ прозорецот?

Вообичаено е да имате силна реакција кога ќе се разбудите и ќе погледнете дека надвор врне снег. Можеби ќе бидете возбудени затоа што ќе ги откажете сите работи планирани за тој ден и ќе уживате во топлината на вашиот дом, но можеби ќе се изнервирате кога ќе видите дека снегот врне без престан. Во секој случај, мозокот ќе реагира на промената на времето.

Што се случува со вашиот мозок кога наутро ќе видите снег низ прозорецот?

Ако живеете во област каде што ретко врне снег, реакцијата ќе биде поизразена. Ако живеете во област каде што често паѓа снег, но ако станува збор за првиот снег таа зима, тогаш реакцијата повторно ќе биде изразена. Но, ако не врнело снег кога легнавте да спиете, но врне снег кога ќе се разбудите наутро, тогаш мозокот ќе има многу изразена реакција.

Ако сте навикнати на снег, можеби ќе го игнорирате и ќе продолжите со активностите што ви се планирани во текот на денот. Но, ако не сте во можност да го игнорирате снегот, тој може да предизвика бура на емоции. Сето тоа е поврзано со вашето толкување што симболизира и што значи снегот за вас. За возрасните снегот може да значи промена во распоредот. Но, ако не сте негативно погодени од снегот, тогаш поголема е веројатноста дека ќе уживате во промената и во тоа што таа може да ви понуди, како слободен ден или забавно патување.

Промената на времето исто така може да ве потсети на минатото. Будењето и гледањето снег може да ве асоцира на зима, на празници, на носталгија или на сеќавања. Но, ако сте изгубиле некој близок, сте преживеале раскинување или сте доживеале друг вид трауматичен настан за време на најладниот период од годината, тажните чувства може да излезат на површина, па во тој момент ќе ви треба поддршка од најблиските.

За други личности, гледањето снег може да има смирувачко дејство, особено кога е придружено со позитивни сеќавања. Снегот има тивок и мирен тон, нема звук, паѓа бавно и има хипнотизирачка природа.

Сите реагираат на времето различно, без разлика дали станува збор за снежен или само за студен ден. Временските промени, нивото на сончева светлина и изложеноста на витамин Д имаат психолошко влијание врз организмот на многу различни начини. Во текот на зимата, ќе престојувате во затворени простории и ќе спиете многу почесто, а снегот можете да го искористите како изговор за да се вратите во кревет.

Снегот може да предизвика промени во расположението и депресивни симптоми, како што се недостатокот на интерес за активности, намалената мотивација и почестите тажни чувства.

За некои луѓе снегот може да претставува забавен начин за уживање во студеното време, а за други, снегот може да биде уште еден потсетник за сурова и долга зима и да предизвика тага и депресивни чувства, па дури и вознемиреност. Ако спаѓате во втората категорија, не двоумете се да се посоветувате со терапевт.

Ако сте љубители на зимата и на снегот, погледнете ги овие 8 магични дестинации што треба да ги посетите во зима.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар