8 магични дестинации за љубителите на зимата и снегот

Доколку едвај сте чекале да дојде најстудената доба од годината, тогаш овој период е совршен за патување за вас! Додека некои планираат да ги поминат празниците во удобноста на својот дом, други, како вас, едвај чекаат да откријат нови и возбудливи снежни дестинации. Па, ако планирате да патувате оваа зима, а немате идеја каде да одите, погледнете ги следниве неверојатни места на нашата планета.

Алта Бадиа, Италија

Одморете се во едно од шесте села познати како Алта Бадиа, коишто се наоѓаат веднаш под Алпите. Ова е совршена локација за оние што сакаат да скијаат, да јадат вкусна храна и да пијат греено вино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alta Badia (@alta_badia_official) on

Нагано, Јапонија

Едно од најневеројатните искуства што можете да ги доживеете во текот на зимата ве чека во Јапонија, и вклучува комбинација од несекојдневни спа центри, скијање и посета на паркот Јигокудани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌐長野県 観光 公式インスタグラム (@nagano_japan) on

Салцбург, Австрија

Ако сте љубители на музиката, тогаш најдоброто место за вас во текот на оваа зима е прекрасниот Салцбург, каде што се наоѓаат дел од најпознатите музички музеи на планетата Земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SalzBurGram (@salzburgram) on

Баварска, Германија

Вистинската зимска бајка започнува во Баварска, каде што ќе имате можност да видите прекрасни замоци и дворци покриени под густ слој снег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Travel ✈ Vacations🏝 Nature🗻 (@artofdestinations) on

Аспен, Колорадо

Оваа област е идеална за скијање и за лизгање, но исто така ќе биде и незаборавна за оние што сакаат да бидат активни за време на своите патувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aspen Snowmass (@aspensnowmass) on

Кируна, Шведска

На само неколку километри од Кируна се наоѓа познатиот Леден хотел – уметничка изложба и хотел направени од свеж снег. Оваа атракција работи само во текот на зимата и може да смести до 80 луѓе одеднаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karin Karlsson Roddarne (@karinhkarlsson) on

Рејкјавик, Исланд

Интересот за главниот град на Исланд се зголеми по снимањето на популарната ТВ серија „Игра на тронови“ (Game of Thrones). Но, дури и ако не сте љубители на оваа приказна, сепак можете да уживате во градот на безброј многу начини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Jowett (@jowettheidi) on

Прага, Чешка

Греено вино, историско-туристичка прошетка, празнична атмосфера, лизгање, Карневалот Бохемиан… сите овие нешта можете да ги најдете на само едно место – во Прага!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prague | Official tour guide (@pragueworld) on

Погледете ги и овие смрзнати пејзажи кои раскажуваат зимска приказна за европските шуми покриени со снег.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар