Што се случува со вашиот мозок додека танцувате?

Ако и вие сте обожаватели на танцувањето, ќе се изненадете кои придобивки ги имате. Всушност, танцувањето е повеќе од само пријатна активност којашто ја доживувате со пријателите или партнерот. Тоа има способност да го подобри начинот на којшто функционира вашиот мозок. Погледнете ги петте возбудливи работи коишто танцувањето може да му ги направи на вашиот мозок.

1. Ја зајакнува функцијата на мозокот

Едно истражување спроведено од страна на колеџот за медицина Алберт Ајнштајн во Њујорк, покажало дека некои когнитивни активности влијаат врз острината на разумот, додека пак речиси ниту една физичка активност немала сличен ефект. Исклучок од ова било танцувањето. Некои резултати од истражувањата биле следниве:

  • Читањето го намалува ризикот од деменција за 35%
  • Велосипедизмот и пливањето воопшто не го намалуваат ризикот од деменција
  • Решавањето крстозбори најмалку 4 дена во неделата го намалува ризикот од деменција за 47%
  • Играњето голф не го намалува ризикот од деменција
  • Честото танцување го намалува ризикот од деменција за 76%

2. Ве прави поинтелигентни

Наједноставно кажано, суштината на интелигенцијата се согледува во донесувањето одлуки. За да ја подобрите вашата мозочна активност, најдобро е да се вклучите во некоја активност којашто бара брзо одговарање. Танцувањето е пример за таква активност. Тука се бара брзо реагирање, како на пример одлучување на која страна да се свртите, со која брзина да се движите, како да реагирате на движењата на вашиот партнер и слично. Танцувањето е одличен начин да ја задржите и зајакнете вашата интелигенција.

3. Ја подобрува мускулната меморија

Повторувањето на одредени движења може да го подобрат функционирањето на вашиот мозок, а токму тоа и ви го нуди танцувањето. Всушност тоа е и причината поради која танчарите можат подобро и полесно да ги запаметат движењата.

4. Го забавува стареењето и ја зајакнува меморијата

Танцувањето е одличен начин за да го развивате вашиот мозок. Како што стареете, вашите мозочни клетки умираат, па со текот на годините потешко ви е да ги запаметите имињата на луѓето. Ако практикувате да учите нови нешта, како што е на пример танцувањето, вие ќе можете да продолжите секојдневно да го развивате вашиот мозок.

5. Ви помага да ја спречите вртоглавицата

Дали некогаш сте се запрашале зошто балетските уметници не добиваат вртоглавица додека ги изведуваат нивните точки? Истражувањата покажале дека оние коишто вежбаат со години имаат способност да одржуваат поголема рамнотежа. Всушност, нивниот мозок се прилагодува низ текот на годините и тие стануваат отпорни на вртоглавица. Доколку и вие страдате од вртоглавица, ова е одличен начин да го решите својот проблем. Не е потребно да бидете професионален танчар за да имате корист од оваа активност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар