Што помислуваат луѓето за вас во првите 10 секунди од запознавањето?

Што помислуваат луѓето за вас во првите 10 секунди од запознавањето?

Нема втора шанса кога станува збор за прв впечаток. Токму затоа и треба да внимавате како се однесувате и што зборувате кога запознавате нова личност. Но, дури и пред да имате можност да ги импресионирате новите познаници со својот хумор или интелект, тие веќе имаа формирано мислење за вас. Според експертите потребни се само 10 секунди од моментот на запознавање за да се формира ова мислење. Токму затоа погледнете ги следниве нешта кои секој човек може да ги заклучи за вас при првото запознавање…

Што помислуваат луѓето за вас во првите 10 секунди од запознавањето?

1. Финансии – Со скенирање на облеката која ја носите, тие веднаш ќе заклучат каква е вашата финансиска состојба. Дизајнерските парчиња облека со истакнато лого ги наведуваат на заклучок дека вашата финансиска состојба е одлична и дека многу заработувате.

2. Интелигенција – Личностите кои гледаат во очи додека разговарате со нив се перципираат како поинтелигентни. Носењето очила е уште една карактеристика која ги тера луѓето да помислат дека личноста со која се запознаваат е паметна.

3. Доминантност – Имаме добра вест за ќелавите мажи. Тие на прв поглед делуваат многу посилно и подоминантно отколку мажите кои имаат густа коса.

4. Промискуитет – Мажите кои флертуваат при запознавањето ќе бидат веднаш одбележани како промискуитетни во мислите на жените. Од друга страна пак, мажите го донесуваат истиот заклучок за жените кои се провокативно облечени.

5. Екстровертност или интровертност – Опуштениот начин на одење и движење на рацете се толкува како екстровертност, додека вкочанетоста и исправеното тело се знак за интровертност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар