Што машките најчесто кријат на Фејсбук?

Ако статусот на врската е сокриен, значи дека постои можност нешто да крие. Исто така, жените не се единствените кои лажат за своите години, тоа го прават и мажите, но од друга причина..

shto-mashkite-najchesto-krijat-na-fejsbuk-kafepauza.mk

Интернетот е место на кое секој може да биде сѐ што ќе посака, дури и ако тоа нема никаква врска со вистинската состојба. Мажите на тој начин неретко лажат на Фејсбук, а ова се работите за кои најчесто не се искрени.

Статусот на врската

Ако е сокриен, значи дека постои можност нешто да мати. Машките кои се во врска, немаат проблем да го стават таквиот статус на Фејсбук, додека измамниците ќе најдат начин да создадат привидна слобода, иако можеби веќе со години се  зафатени.

Годините

Жените не се единствените кои лажат за својата возраст, тоа го прават и мажите, само од други причини и најчесто во другата насока. Додека жените ја спуштаат бројката на своите години, машките малку ја зголемуваат, за да добијат на сериозност.

Работата

Претприемач? Менаџер? Бизнисмен? Сите овие се одлични називи за работа која баш не може лесно да се дефинира. Тука секако се и фриленсерите, експертите за односи со јавност во неименувани фирми, претседателите на одредени организации итн. Мажите некогаш и  го кријат својот работен однос, па не е чудно ако наидете на тип кој дели флаери низ град, а во делот за работа ставил маркетинг експерт.

Хобијата

Сите имаме некое хоби, но кога маж се обидува да импресионира жена, тој има повеќе одошто можеме да си замислиме. Од тенис и други вообичаени спортови, до спортски риболов и свирење бас гитара, машките често лажат кога се работи за начините на кои го пополнуваат своето слободно време.

Финансискиот статус

Парите не им се важни на паметните жени, но мажите тоа некогаш не го сфаќаат, па неретко може да се види профилна слика на која јунакот стои покрај нечиј автомобил и глуми дека е негов. Лажниот животен стил привлекува погрешни жени, а тие нема да останат со вас кога ќе сфатат дека сѐ на вашиот профил е само добро изрежирана глума.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар