Училиштето НОВА ја продлабочи соработката со Италијанската амбасада

Италијанскиот е четврт јазик по зборуваност во светот и го говорат околу 65 милиони луѓе како примарен. Во меѓународното училиште од ова полугодие ќе се изучува во својата изворна форма.

1-uchilishteto-nova-ja-prodlabochi-sorabotkata-so-italijanskata-ambasada-kafepauza.mk

Меѓународното училиште НОВА завчера (19 октомври) потпиша меморандум за соработка со Италијанската амбасада и институтот „Данте Алигиери“ со кој во оваа образовна институција почна да се изучува италијанскиот на ниво на мајчин јазик. Статистиките покажуваат дека  италијанскиот е четврт јазик по зборуваност и го говорат околу 70 милиони луѓе како примарен, а во НОВА од ова полугодие ќе се изучува на повисоко ниво.

„Уште од самото основање во НОВА се изучува италијанскиот поради што и голем број на наши ученици го имаат продолжено образованието на некои од најпрестижните универзитети во оваа земја. Но со меморандумот, соработката со ‘Данте Алигиери’ и со Италијанската амбасада ја продлабочуваме, а италијанскиот ќе се изучува во својата изворна форма“ – изјави Венера Новаковска, директорка на НОВА.

2-uchilishteto-nova-ja-prodlabochi-sorabotkata-so-italijanskata-ambasada-kafepauza.mk

Мисијата на „Данте Алигиери“ е промоцијата на италијанскиот јазик и култура во Македонија и отворен е 1999 година. На присутните на потпишувањето им се обрати и претседателката на институтот Анастасија Ѓурчинова која воедно е и професорка на Филолошкиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

„Со НОВА соработуваме долги години наназад, но со меморандумот соработката ја продолжуваме на едно повисоко ниво. Нашите учители ќе го водат курсот кој е насочен кон италијанскиот јазик и култура, а почна од ова полугодие“ – истакна Ѓурчинова.

На потпишувањето на меморандумот присуствуваше и амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели кој посочи дека оваа свеченост е дел од Неделата на италијанскиот јазик која се одбележува во цел свет.

3-uchilishteto-nova-ja-prodlabochi-sorabotkata-so-italijanskata-ambasada-kafepauza.mk

„Во Вашингтон гостуваат победниците на фестивалот ‘Сан Ремо’, а во Македонија се предвидени активности меѓу кои и оваа соработка со училиштето НОВА. Италијанскиот е јазик на музиката, модата, дизајнот и секако на Формула 1“ – посочи господинот Ернесто Масимино Белели.

Италијанскиот има голем број на дијалекти сепак литературната форма е базирана на тосканскиот дијалект. Покрај луѓето на кои им е примарен повеќе од 100 милиони луѓе го говорат како втор јазик.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар