Што ќе се случи ако сонцето исчезне на една недела?

Ако случајно живеевте во некој дел од светот кој е склон кон долги, студени и темни зими, тогаш вашиот секојдневен живот навистина ќе се разубави штом ќе се појави сонцето. Луѓето обично ја сакаат пролетта бидејќи тоа значи ослободување од големите јакни и напуштање на канцеларијата пред надвор да биде темно.

Што ќе се случи ако сонцето исчезне на една недела?

Исто така, сонцето е добро за нашето тело. Тоа ни помага наутро да станеме од кревет, ги зајакнува нашите коски со витамин Д, и можно е да штити од сезонска депресија. Со други зборови, сите ние би биле поспани и со многу психолошки проблеми доколку сонцето го нема цела недела. Губењето на сонцето би имало многу поголемо и позначајно влијание на луѓето кои живеат на Земјата.

Првото нешто што веројатно ќе го забележите е дека планетата ќе стане многу темна, а за брзо и многу студена. Иако не го чувствуваме тоа, Земјата постојано се врти. Оваа ротација е забележана со календарски денови. Дневните часови се периодите кога вашето место на планетата ротира кон сонцето, а ноќта паѓа кога истото место ротира од сонцето. Ако сонцето исчезне, денот би се претворил во ноќ за околу 8,5 минути – време што ѝ е потребно на сончевата светлина да стигне до Земјата.

Студеното време ќе биде поблаго и промената нема да биде одеднаш како со темницата. Планетата на температурата ќе се спушти на околу -17,8 степени Целзиусови во текот на неделата. Ова е студено, но не е доволно да го смрзне човештвото и другите живи форми на Земјата. Барем не веднаш.

Ако нема сонце, тоа значи дека нема да постои ни фотосинтеза – процесот при кој растенијата ја претвораат сончевата светлина во енергија. Како што растителниот свет ќе почне да умира, животните што се хранат од него ќе останат без извор на храна.

За површината на температурата да стигне до -73,3 степени ќе биде потребна цела година. Мразот нема да биде единствениот проблем. Многу животни форми и луѓето нема да можат да преживеат без постојан извор на енергија и топлина.

Најголемото влијание на еднонеделниот одмор на сонцето нема да биде на површината на Земјата, туку во вселената. Додека планетата ротира околу својата оска, таа истовремено ротира и околу сонцето. Сонцето има дијаметар отприлика 100 пати поголем од оној на Земјата и предизвикува гравитационо влечење на сите планети од Сончевиот систем. Гравитацијата е онаа што ги „тера“ планетите да ротираат околу нашата ѕвезда. Земјата ќе залута и кога-тогаш ќе се судри со комета, метеор, па можеби и со друга планета.

Знаете ли кога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото со тоа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар