Што ќе се случи ако пукате со пиштол под вода?

Што ќе се случи ако пукате со пиштол под вода?

Ендрју Туохи работел како доктор во Американската Морнарица и поминал 11 месеци во Ирак во 2006 година. Денес тој има свој блог наречен vuurwapenblog.com и тестира различни видови оружја кои можете да ги видите на неговиот канал на Јутјуб. Неодамна тој пукал со неколку пиштоли под вода и го снимал патот на куршумот со помош на водоотпорна дигитална камера. Тоа што веднаш ќе го забележите е дека водата многу брзо го успорува. Исто така интересен е и фактот што куршумите едноставно „расцветуваат“ и како да се превртуваат одвнатре-нанадвор.Што ќе се случи ако пукате со пиштол под вода?Ендрју вели дека притисокот под вода предизвикан од пукањето се чувствува исто како некој да ве удира по гради. Тој исто така вели и дека лично ги испитал сите оружја по употребата и не забележал никаква оштета. Најважното нешто е дека подводниот звук/притисок може да биде многу интензивен, па поради тоа многу е опасно да ја ставите вашата глава или уши под вода доколку некогаш решите да го повторите овој експеримент.

Што ќе се случи ако пукате со пиштол под вода?Што ќе се случи ако пукате со пиштол под вода?Што ќе се случи ако пукате со пиштол под вода?Може да ве интересира и експериментот со кршење јајце под вода.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар