Што да очекувате на овој петок 13-ти?

Оваа година, петок 13-ти се паѓа на полна Месечина, па според астролозите, тоа ќе биде причина за многу неволји и несреќи. Тие предупредуваат дека поради оваа баксузна комбинација, овој петок не треба многу да комуницирате со никого, бидејќи лесно може да дојде до кавги, но исто така да не работите и да не возите кола.

shto-da-ochekuvate-na-ovoj-petok-13-ti-kafepauza.mk

Овој петок, Месечината ќе биде во Стрелец, што значи дека сите ќе бидеме премногу оптимистични и пречувствителни. Ќе посакуваме да добиеме 3 милиони на лото, а нема ниту да отидеме да уплатиме ливче, за потоа во весниците да прочитаме дека некому му се паднала седумка. Ќе бидеме големи баксузи, објаснуваат астролозите.

Но, тоа нема да ни биде најголемиот проблем. Ем нема да имаме среќа, ем по цел ден ќе се караме со блиски луѓе. Ретроградната и полна Месечина на сите ќе ни создаде проблеми – сите со сите ќе се караме, нема да се снаоѓаме со работата, ниту во сообраќајот. Ретроградната Месечина е воедно причина за поголемиот број сообраќајни несреќи последниве денови. Затоа избегнувајте да патувате со кола, а особено во петок.

Баксузниот петок 13-ти ќе направи проблеми и во новата љубов. Ако планирате овој петок некому да му изјавите љубов, подобро направете го тоа грандиозно и спектакуларно, инаку воопшто не го правете, бидејќи нема добро да си пројдете.

Астролозите советуваат во текот на полната Месечина да не донесуваме важни одлуки, да не купуваме куќа, стан, автомобил, па дури ни технички уреди.

Ако во петок полагате испит, надеж дека ќе го положите има само ако го почитувате правилото: учете од последната кон првата лекција и така исполнете ја симболиката на ретроградната Месечина.

Без разлика дали верувате во астрологија или не, многу научници и доктори тврдат дека полната Месечина влијае на душевната состојба, само што за тоа не сме ни свесни додека не прочитаме во медиумите. Се верува дека кога Месечината е полна, предизвикува голема агресивност, па дури во душевните болници посебно се подготвуваат за оваа месечева состојба.

Иако можеби не сте суеверни, овој петок играјте на сигурно и легнете си вечерта порано за да ги избегнете сите потенцијални катастрофи.

А зошто петок 13-ти е баксузен?

Ева баш во петок му го понудила јаболкото на Адам, на тој ден започнал големиот потоп, прекината е изградбата на Вавилонската кула, а Каин наводно баш на еден петок 13-ти го убил брата си Авел. Исус бил распнат во петок, после вечерата на која 13-тиот гостин бил Јуда, апостолот кој го издал Исус, а и пред Светото писмо, во петок луѓето им се молеле на своите божества за добра жетва, здравје и среќа, па работата на тој ден се сметала за повикување на несреќата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар