4 евтини и брзи решенија за испукани пети

Во текот на топлите месеци од годината, испуканите пети се честа појава. Причината најмногу лежи во изборот на обувките кои ги носиме, кои предизвикуваат сушење и поцрнување на табаните. Иако на пазарот има многу препарати за нега и хидрирање на овој дел од телото, сепак стапалата можете да ги негувате ефикасно и без многу пари и во домашни услови, користејќи ги намирниците од вашата кујна и производите од вашата бања.

relaxing bath for feet - beauty treatment

1. Пена за бричење

Нанесете поголема количина пена за бричење на стапалата. Во легенче измешајте еднаква количина вода за плакнење уста и топла вода за добро да можете да натопите еден пешкир. Додека стапалата ви се запенети, ставете го пешкирот врз нив и седете така половина час. Со истиот пешкир нежно протријте ги стапалата отстранувајќи ја пената. Тоа ќе ја отстрани грубата и сува кожа, а стапалата ќе ви станат мазни и меки. На крајот на третманот нанесете крема за стапала за дополнителна хидратација.

2. Растително или маслиново масло

Ова е уште една многу ефикасна метода, а сѐ што ви треба е малку маслиново, растително или кокосово масло. Со прстите нанесете масло на стапалата и добро измасирајте ги, нежно протривајќи ги критичните места. Правете го тоа навечер, после тоа облечете чисти памучни чорапи и оставете ги преку ноќ. Кога ќе се разбудите вашите стапала ќе бидат меки и хидрирани, а грозната испукана кожа ќе ја снема. Оваа метода може да се користи неколку пати неделно доколку стапалата ви се многу суви, а петите многу испукани.

3. Вазелин

Вазелинот е уште едно одлично средство против распукани и поцрнети стапала. Нанесете го по целата површина на стапалата и облечете чисти памучни чорапи за спиење. Ако ова го правите во текот на денот, оставете ги чорапите сѐ додека стапалата потполно не го впијат вазелинот и не постанат мазни и меки.

4. Солена вода

Топлата солена вода е одличен рецепт за лечење на испуканите пети. Во топла вода додајте шака сол и добро промешајте. Ставете ги стапалата внатре и седете така 15 минути. Исушете ги убаво стапалата и нанесете подебел слој крема или вазелин, па облечете чисти памучни чорапи. По неколку часа, вашите стапала ќе ја впијат кремата, а резултатот веќе го знаете – негувани стапала вредни за покажување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар