Што би промениле мажите кај своите партнерки? Не, не станува збор за изгледот!

Што би промениле мажите кај своите партнерки? Не, не станува збор за изгледот!

Една анонимна анкета покажала дека повеќе од 31% од мажите би сакале нивната партнерка да е сексуално поактивна. Од друга страна пак, дури 24% од жените сакаат нивниот партнер почесто да разговара за емоциите. Тоа што е најинтересно – околу 16% одговориле дека не би промениле ништо кај својот партнер. Во оваа анкета учествувале 3.000 корисници на интернет.

Кај машките испитаници се истакнале две нешта што тие радо би ги промениле кај своите партнерки. Повеќе од 31% од нив би сакале жена што е сексуално поактивна, додека пак, 26% од нив сметаат дека е добро да имаат партнерка што помалку ги критикува. На трето место, со 19% се нашла желбата партнерката да е помалку емотивна, но и поуредна.

Што се однесува до женските испитаници, за нив приоритетот не бил на сексуално ниво, туку на емотивно. 24% од нив сакале партнерот почесто да разговара за своите емоции со нив. 23% од жените сакале повеќе ред, а 20% посакувале тој едноставно повеќе да разговара со нив.

Погледнете ги и овие 5 причини зошто пцуењето ве прави посилни, посекси и поуспешни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар