Хороскопски знаци кои постојано се караат меѓусебно

Кога станува збор за караница, кај овие хороскопски парови постојано летаат искри – без разлика дали се роднини, добри пријатели или во љубовна врска. Дури и покрај разговорите и безбројните обиди да се смират и да престанат да се караат, кај овие хороскопски знаци караницата е секогаш однапред испрограмирана.

Рак и Вага

Додека Раковите се сметаат за сензибилни хороскопски знаци, кои се многу емотивни, тие најчесто сакаат да ги задржат чувствата за себе. Кај Вагите се случува токму спротивното. Тие секогаш го кажуваат тоа што им смета, без разлика дали ќе ги повредат емоциите на другите или не. Со тоа Раковите едноставно не можат да се помират, па затоа и постојано се караат.

Водолија и Лав

И кај овие хороскопски знаци има постојани судири. Тоа се случува бидејќи и Лавовите и Водолиите имаат потреба да исфрлат сè од себе во некој друг. Но, кога станува збор за карактерот, тие се сосема различни. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и уживаат кога некој им се воодушевува. Тоа никако не им одговара на искрените Водолии што ценат длабочина и автентичност.

Бик и Јарец

Третиот хороскопски пар што постојано се кара се Бикот и Јарецот. И двата знака знаат да бидат многу крути и тврдоглави, па затоа и ниту еден од нив нема да попушти. Тоа е причината поради која караницата меѓу нив е неизбежна. Нивните пријателства и врски се преполни со емотивни дискусии.

Дознајте и кои се 5-те хороскопски знаци на кои парите им се секогаш поважни од љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар