Шокантни вистински приказни коишто покажуваат дека Џон Ленон бил ужасна личност

Сликата која ни е позната за Џон Ленон е човек кој сака мир, кој може да замисли само иднина без сопственост, алчност, глад и војна. Светот го памти како музички гениј кој сакал длабоко, целосно се искажувал и станал маченик за своите идеи. Но, изгледа дека вистината за фронтменот на Битлси е многу покомплицирана. Џон Ленон бил комплициран, па дури и депресивен музичар кој го истурал својот гнев врз саканите. Ова излегло на виделина кога една негова слугинка објавила писмо од него.

1. Бил неверен

Шокирачки вистински приказни кои покажуваат дека Џон Ленон бил ужасна личност

Истражувањата покажале дека дури 22% од мажите ги изневеруваат своите партнери. Ленон редовно ја изневерувал неговата прва сопруга Синтија Пауел. Најпознатата афера му е со јапонската уметница Јоко Оно.

2. Ленон бил отсутен и понекогаш лош татко

Шокирачки вистински приказни кои покажуваат дека Џон Ленон бил ужасна личност

Џулијан бил чувствително дете, но тоа не го спречувало Ленон да го критикува, па дури и физички да го напаѓа. Во писмото е откриено дека често го навредувал и за најобични работи, како манири на масата за јадење.

3. Оставал дрога насекаде по куќата

Шокирачки вистински приказни кои покажуваат дека Џон Ленон бил ужасна личност

Како и многу музичари, така и Ленон уживал во нелегалните супстанци. Слугинката потврдила дека иако во домот имало дете, тој ја оставал дрогата на виделина.

4. Ленон ја контролирал Јоко Оно и се однесувал опсесивно со неа

Шокирачки вистински приказни кои покажуваат дека Џон Ленон бил ужасна личност

Многумина мислат дека овој пар бил совршен, но во реалноста Ленон бил опсесивен и љубоморен партнер. Јавноста често ја обвинува Јоко за распадот на Битлси, но изворите укажуваат дека Ленон го поттикнал тоа. Тој често ја присилувал Јоко да го придружува насекаде, од пробите со бендот па сè до одењето во тоалет.

5. Најверојатно страдал од депресија

Шокирачки вистински приказни кои покажуваат дека Џон Ленон бил ужасна личност

Во едно интервју за Плејбој, објавено 2 дена по смртта на Ленон, тој изјавил дека 1965-та година бил негов период на „дебел Елвис“. Тој дури изјавил дека песната „Help“ била негово барање за помош кога се чувствувал дебело и депресивно. Зборувал и за периоди кога навистина сакал да скокне од прозорецот.

6. Имал огромно его

Шокирачки вистински приказни кои покажуваат дека Џон Ленон бил ужасна личност

Чудно, но Ленон бил и во депресија и имал огромно его. Една од неговите најконтроверзни изјави е дека бил попопуларен дури и од Исус. Во интервјуто тој изјавил:

„Христијанството ќе си замине. Ќе исчезне и ќе се намали. Нема потреба да се расправа за тоа, во право сум. Сега сме попопуларни и од Исус.“

7. Имал тешко детство

Шокирачки вистински приказни кои покажуваат дека Џон Ленон бил ужасна личност

Веројатно сите негови проблеми потекнуваат од тешкото детство. Тој бил напуштен од татко му и никогаш не го преболел тоа. А ова може да го објаснува односот кон неговиот син. Исто така чувствувал сексуална желба кон неговата мајка додека бил тинејџер и во едно интервју изјавил дека му е криво што не се впуштил во тоа.

Прочитајте и некои од најдобрите цитати на Џон Ленон.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар