Сè е енергија што вибрира на одредена фреквенција: Следниве шифри може да ви помогнат

Сè е енергија што вибрира на одредена фреквенција: Следниве шифри може да ви помогнат

Енергијата не е непознат поим, а со неа се занимавале многу научници. Григориј Грабов е руски физичар и математичар којшто развил метода за обновување на човечкиот организам со помош на одредена концентрација кон одредени броеви. Со погодување на точната фреквенција што одговара се создава вибрација и услови за обновување на енергијата која почнува повторно да тече како што треба и болеста се повлекува или проблемот се губи. Неговиот метод бил одобрен од руското министерство за здравство.

Постојат многу сведоштва од луѓе кои оздравеле од најтешки болести или успеале да ги решат нивните животни проблеми служејќи се со методот на Григориј Грабов. Овој руски научник со повеќе дипломи донесол шифри со чијашто помош на релативно едноставен начин може да се решат многу проблеми. Поедноставно кажано, сè е енергија којашто вибрира на одредена фреквенција. Така и нашите тела се енергија. Кога човекот не вибрира на природна фреквенција се јавува некое нарушување, болест, блокада на енергијата. Бројот за одредена тема може да се повторува во себе, да се визуализира на погоден начин, да се насочи концентрацијата кон него или пак да се напише на хартија и да се носи во џебот или чантата односно повремено да се погледнува, да се научи напамет или да се има покрај себе додека се спие. Исто така може да се залепи на ѕид во просторот каде што престојувате (на работа ако е поврзан со работата или дома, приватно зависно од темата). Сите опции се добри, а исто така и некоја опција што спонтано ќе ви падне на памет. Важно е дека одредениот број треба да биде присутен во вас, околу вас и тој со својата вибрација ќе почне да ја создава потребната фреквенција.

Грабов напишал неколку книги, а најпозната е „Обновување на човечкиот организам со концентрација на броевите“ (постои и превод со назив „Шифрарник“) во кој се наоѓа список со повеќе познати болести заедно со нивните соодветни броеви. Исто така позната е и неговата книга „Светлост во вечноста“ во која ги претставува броевите за некои општи теми од животот со помош на кои истиот може да се подобри во тие области.

Издвојуваме некои од шифрите коишто ќе ги интересираат повеќето.

Броеви што помагаат:

1888948 – трансформација на негативното во позитивно

285555901 – за хармонични односи во семејството

212585212 – за забрзување на учењето кај децата и младите

141111963 – за усогласување на односите на работното место, идеално работно опкружување

5154891 – создавање соодветни односи во околината

212309909 – стабилност во работните активности, решавање општи прашања и проблеми

71427321893 – нормализирање на финансиската ситуација, изобилие

11179 – спречување сообраќајни незгоди

148543292 – против алкохол

9189481 – бројна низа за слобода

71042 – хармонизирање на сегашноста

148721091 – хармонизирање на иднината

7819019425 – хармонизирање на минатото

1001105010 – мир

35986 – развој на интуиција

1814321 – апсолутна норма за здравје

9187948181 – самоизградба на телото

Овие се некои универзални броеви за теми коишто ги интересира повеќето, а доколку сакате повеќе да дознаете можете да ги прочитате книгите на овој руски научник.

Дознајте и кое е значењето на броевите што се повторуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар