Проѕевање, кивање, икање: На кој начин се брани телото и од што?

Проѕевање, кивање, икање: На кој начин се брани телото и од што?

Телото ве штити од микроби, болка, влага. Некои од начините на одбрана се пријатни, а некои се непријатни, но од што ве брани телото?

Проѕевање, кивање, икање: На кој начин се брани телото и од што?

1. Проѕевање – Дали знаевте дека главната задача на проѕевањето е да го лади мозокот кога ќе се прегрее или кога работи премногу?

2. Кивање – Најчесто кивате кога носната шуплина е полна со алергени, микроби, прашина. На тој начин, вашето тело се ослободува од „ѓубрето“.

3. Истегнување – Зошто се истегнувате по будењето? Вашето тело го прави тоа инстинктивно за да ве подготви за сите физички активности што се пред вас, за да ја подобри циркулацијата, но и расположението.

4. Икање – Кога јадете премногу брзо, кога голтате големи парчиња храна или кога едноставно се прејадувате, го иритирате вашиот пневмогастричен нерв. Оваа иритација резултира со икање.

5. Збрчкана кожа – Ова се случува кога телото ќе наиде на зголемена влага, па претпоставува дека околината ќе биде лизгава. Кожата се збрчкува за да може полесно да се фати на мазни површини. Паметно, нели?

6. Губење на памтењето – Често се случува луѓето да ги изгубат спомените по некоја траума. Вашиот мозок автоматски сака да ја избрише меморијата за да не страдате.

7. Намовнување – Намовнувате за да се намали топлината што ја губите низ порите на кожата и за полесно го загреете телото кога е ладно.

8. Солзи – Тие служат како штит кога очите доаѓаат во контакт со туѓо тело. Сепак, солзите служат и како емоционална одбрана. Научниците веруваат дека плачеме затоа што телото се обидува да ни го одвлече вниманието од болката што нè опкружува.

Прочитајте што се случува со вашето тело кога спиете на ново место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар