Причината и решението на сите проблеми: Незаборавните изјави на Хомер Симпсон за пивото

Хомер Симпсон, главниот лик во популарната ТВ серија „Симпсонови“ е познат по својата безусловна љубов кон крофните, пивото и секако, кон своето семејство. Во текот на 28-те сезони тој безброј пати нè насмеа до солзи, особено со своите изјави за пивото, па затоа и решивме да ги собереме сите на куп и да ги издвоиме најдобрите за вас. Прочитајте ги во продолжение и подгответе се за нова тура смеа со солзи.

„Ајде да наздравиме со пиво – причината и решението на сите животни проблеми!“

„Жената е како пиво. Изгледа добро, мириса добро и би поминал бос низ трње само за да дојдам до неа.“

„Сине, верувај ми, не сакаш да пиеш пиво. Пивото е пијалак за татковците и децата со лажна лична карта.“

„Ох, не! Што направив? Ја скршив детската касичка во форма на прасе поради паричките. Па, овде нема ни за едно пиво… Всушност, чекајте да се пребројам одново… Ох неее! Нема ни за пиво!“

„Сине, мораш да ја сакаш твојата држава како што јас го сакам своето ладно пиво за време на топлото божиќно утро.“

„Океј мозоку. Ни јас те сакам, ни ти ме сакаш мене, па ајде да ја завршиме оваа работа за да можам да се вратам на пивото и на убивањето на твоите мозочни клетки.“

„Ох душо, не се напив, само одлетав во чудесниот свет на фантазијата.“

Прочитајте ги и овие цитати за пивото од познати личности што ќе ве убедат дека тоа е најдобриот пијалак на светот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар