Цитати за пивото од познати личности што ќе ве убедат дека тоа е најдобриот пијалак на светот

Цитати за пивото од познати личности што ќе ве убедат дека тоа е најдобриот пијалак на светот

Зарем има нешто подобро од чаша ладно пиво по напорниот работен ден? Во споредба со виното и жестоките алкохоли, пивото претставува вистинско освежување. Тоа е газирано, ладно и питко. Пивото е омилениот пијалак на многу луѓе ширум светот кои љубовта кон него ја покажуваат на најразлични начини. На пример, Германците имаат цел фестивал посветен на пивото познат како Октоберфест, а и во нашата земја се одржуваат слични фестивали, како што се Пивофест во Прилеп и Пиволенд во Скопје, со цел да му се оддаде чест на овој освежителен алкохолен пијалак.

Цитати за пивото од познати личности што ќе ве убедат дека тоа е најдобриот пијалак на светот

Американците, пак, токму денес, на 7-ми април, го прославуваат националниот ден на пивото. И покрај тоа што Америка е далеку, веруваме дека не ви требаат изговори за да го завршите денот со чаша пиво (една чаша до две, не повеќе!). Добрите вести се што дури и да претерате, веројатно нема да имате толку тежок мамурлак наредното утро што ќе ве натера да зажалите поради пиењето. Доколку сѐ уште се двоумите, следниве цитати од познати личности можеби ќе ве убедат дека пивото е вистинскиот избор за вас…

„Не постои лошо пиво. Некои пива имаат подобар вкус од останатите, тоа е сѐ.“ – Били Картер

„Го почитувам пивото.“ – Расел Кроу

„Можам комплетно да се изгубам во малите задоволства: Навистина неверојатен чизбургер, пица, пржени компирчиња и пиво. Уживам кога ми е пријатно и кога можам да јадам што и да посакам. Тоа е голема работа за мене. Сакам да имам слобода да го правам тоа.“ – Ченинг Тејтум

„Убавината е во окото на оној што пие пиво.“ – Кинки Фридмен

„Вискито е премногу тешко, шампањот е премногу скап, вотката делува како гориво. Се надевам дека овој рефрен ќе ми помогне да објаснам дека јас всушност сакам пиво.“ – Том Т. Хол

„Единствените нешта во кои сум бил вљубен се шише пиво и огледало.“ – Сид Вишис

„Само сакам да безделничиме, да пиеме пиво и да дремеме во камионче во некоја пустелија. Така го замислувам совршениот љубовен состанок.“ – Ронда Раузи

„Пиво. Тоа е вистинското привремено решение.“ – Ден Кастеланета

„Не сте вистинска држава доколку немате пиво и авионска линија. Добро е да имате и по некој фудбалски тим или нуклеарно оружје, но не можете без пиво.“ – Френк Запа

„Ако планирате да нѐ мавате со шишиња од пиво, барем нека бидат полни.“ – Дејв Мастејн

„Пиво, тоа е најдобриот пијалак во светот.“ – Џек Николсон

„Оние кои пијат пиво, ќе мислат на пиво.“ – Вашингтон Ирвинг

„Според мене, сите големи луѓе од историјата работеле поради пивото, богатството, славата и луксузот што доаѓаат заедно со моќта.“ – А. Џ. П. Тејлор

„Пивото прави да се чувствувате онака како што би требало да се чувствувате и без пиво.“ – Хенри Лосон

Доколку се сметате за љубители на овој пијалак, прочитајте ги следниве 22 факти за пивото кои не сте ги знаеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар