Поучните зборови на Јохан Волфганг фон Гете

Поучните зборови на Јохан Волфганг фон Гете

Јохан Волфганг фон Гете е еден од најпознатите германските новелисти и поети на германската литература и Вајмарскиот класицизам. На нашата публика ѝ е веројатно познат по делата Фауст, Гец фон Берлихинген, Страдањата на младиот Вертер, Торквато Тасо, како и многу други, но во текот на својот живот тој се испробал и како сликар, драматург, научник, хуманист, филозоф и политичар (десет години бил премиер на Вајмар). Неговите дела се украсени со многу поучни зборови, па како такви тие биле инспирација за создавање музички и драмски дела, филозофски трудови и сл. Едни од најинспиративните се следниве.

(1)-pouchnite-zborovi-na-johan-volfgang-fon-gete-kafepauza.mk.jpg

„Добриот човек се извинува за грешките од минатото, но големиот човек ги исправа.“

„Мислењето е лесно, однесувањето е тешко, а нечии мисли да се преточат во дела е најтешката работа на светот.“

„Знаењето не е доволно; мора да се примени. Да се сака не е доволно; мора да се направи.“

„Коригирањето прави многу, но охрабрувањето прави повеќе.“

„Однесувањето е огледалото во кое сите ја покажуваат својата слика.“

„Секој ден треба да чуеме барем една кратка песна, да прочитаме една добра поема, да видиме една исклучителна слика и, ако е можно, да кажеме неколку разумни зборови.“

„Начинот на кој ги гледаш луѓето е начинот на кој се однесуваш со нив, а начинот на кој се однесуваш со нив е она што тие стануваат.“

„Никој не би зборувал многу во општеството кога би знаел колку често е погрешно разбран од другите.“

„Не е голем подвиг да се биде брилијантен ако не почитуваш ништо.“

„Постојат само две наследства кои можеме да се надеваме дека ќе им ги дадеме на нашите деца. Едното од нив е корени, а другото, крилја.“

„Ништо не вреди повеќе од овој ден.“

„Во царството на идеите сѐ зависи од ентузијазмот… Во реалниот свет сѐ се заснова на упорноста.“

„Личноста родена со талент за кој е створена да го користи ќе ја најде најголемата среќа во користењето на тој талент.“

„Животот им припаѓа на живите и тој кој живее мора да биде подготвен за промени.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар