Поучна приказна: Зошто жените плачат?
Едно момче ја запрашало мајка си: Зошто плачеш?
– Затоа што сум жена – му одговорила таа.
– Не разбирам – рекло момчето.
Мајка му само го прегрнала и му кажала: Никогаш нема ни да разбереш.

Подоцна момчето го прашало татко си:
– Зошто ми се чини дека мама плаче без никаква причина?
– Сите жени плачат без причина – ова било единственото што татко му знаел да го каже.
Момчето пораснало и станало маж, и сè уште се прашувал зошто жените плачат. На крајот го повикал Господ. Кога тој му се јавил, го прашал:
– Боже, зошто жените толку лесно се расплакуваат?
Бог му одговорил:
[message_box title=”” color=”yellow”]
Кога ја создавав жената, таа мораше да биде посебна.
- Ѝ дадов раменици доволно силни за да ја носат целата тежина на овој свет, а притоа доволно нежни за да можат да пружат утеха.
- Ѝ дадов доволно внатрешна сила за да може да го поднесе породувањето и одбивањето кое многу често доаѓа од нејзините деца.
- Ѝ дадов цврстина која ѝ овозможува да продолжи кога сите други ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство за време на болести и неволји без да се жали.
- Ѝ дадов чувствителност да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повреди.
- Ѝ дадов сила да го води својот сопруг низ неговите грешки и ја создадов неа од неговото ребро за да го заштити неговото срце.
- Ѝ дадов мудрост да знае дека добриот сопруг никогаш не би ја повредил својата жена, но и дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност да биде покрај него.
- И на крајот, ѝ дадов солзи да се исплаче. Тоа е само нејзино нешто што таа може да го употреби кога и да ѝ затреба. [/message_box]
