Интересно: Еве зошто групата од „Пријатели“ секогаш седеше на истиот кауч

Интересно: Еве зошто групата од „Пријатели“ секогаш седеше на истиот кауч

Ве предизвикуваме: Иако најверојатно ги немате гледано со години, заземете удобно место на вашиот кауч и погледнете ги урнебесните 10 сезони на неповторливите „Пријатели“. Едно е сигурно, иако сега секој ден излегуваат нови серии, ниедна комедија нема да го надмине ова уникатно друштво кое си е приказна за себе.

Интересно: Еве зошто групата од „Пријатели“ секогаш седеше на истиот кауч

Иако, ако сте големи обожаватели, најверојатно знаете многу интересни факти за серијата, сигурни сме дека едно прашање ве мачи. Како е можно во едно толку популарно кафуле пријателите секогаш да седат на удобниот кауч додека останатите гости седнат на очигледно неудобни столчиња? И бидејќи како големи обожаватели на „Пријатели“ не можеме да речеме дека не е важно и дека тоа е само серија, гледаме малку подетално на нештата.

Една обожавателка на серијата која со сигурност има око соколово ја разрешува целата „мистерија“ – цело време меѓу кафињата на масата на сепарето со каучот стои знак „резервирано“. Не верувате? Обрнете внимание на следниве слики.

Интересно: Еве зошто групата од „Пријатели“ секогаш седеше на истиот кауч Интересно: Еве зошто групата од „Пријатели“ секогаш седеше на истиот кауч Интересно: Еве зошто групата од „Пријатели“ секогаш седеше на истиот кауч Интересно: Еве зошто групата од „Пријатели“ секогаш седеше на истиот кауч Интересно: Еве зошто групата од „Пријатели“ секогаш седеше на истиот кауч

Сега има повеќе смисла, нели? А, со оглед на фактот што „Пријателите“ беа редовни гости во кафулето, сосема е очекувано да им го чуваат резервирано најудобното место за седење, кое инаку сигурно не би го наоѓале секогаш слободно, дури можеби и никогаш.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.