Постојат 2 вида жени: Оние кои пијат црвено вино и оние кои пијат бело вино

Жените и виното одговараат исто толку добро како стопеното чоколадо и јагодите. Тоа е една од најсветите и најфункционални врски кои постојат во светот. Размислете, виното е секогаш тука за вас. Дури и во најтешките моменти, доволна е само една чаша и одеднаш сè станува во ред. Кога станува збор за виното, важи правилото дека повеќе е подобро. Секогаш. И сите жени би се согласиле со ова.

Постојат 2 вида на жени: Оние кои пијат црвено вино и оние кои пијат бело вино

Но, не сите жени преферираат да пијат исто вино. Најчесто тие или пијат црвено или бело вино. Многу ретко се случува да ги сакаат и двете. Но, што вели изборот на виното за вас? Некои жени повеќе сакаат да читаат книги, додека пак други преферираат филмови. Некои пак, сакаат стабилна врска, а други сакаат да живеат без обврска. Можете да погодите која од овие жени пие црвено, а која бело вино?

1. Оние кои пијат црвено вино вечераат покрај свеќи; оние кои пијат бело вино вечераат покрај зајдисонце.

2. Оние кои пијат црвено вино гледаат онлајн филмови во кревет; оние кои пијат бело вино гледаат филмови на телевизија.

3. Оние кои пијат црвено вино читаат романтични новели; оние кои пијат бело вино читаат списанија.

4. Оние кои пијат црвено вино претпочитаат да се во врска; оние кои пијат бело вино повеќе сакаат секс за една вечер.

5. Оние кои пијат црвено вино ја прават играта; оние кои пијат бело вино ја играат играта.

6. Оние кои пијат црвено вино детално планираат; оние кои пијат бело вино живеат во моментот.

7. Оние кои пијат црвено вино одат на одмор во Париз; оние кои пијат бело вино преферираат одмор во Тоскана.

8. Оние кои пијат црвено вино се романтичари; оние кои пијат бело вино се практични.

9. Оние кои пијат црвено вино слушаат класика; оние кои пијат бело вино слушаат електронска музика.

10. Оние кои пијат црвено вино кажуваат сè што им паѓа на ум; оние кои пијат бело вино се добри слушатели.

11. Оние кои пијат црвено вино најчесто се бринети; оние кои пијат бело вино најчесто се блондинки.

12. Оние кои пијат црвено вино знаат да направат добар разговор, но оние кои пијат бело вино се во центарот на вниманието за време на забавите.

13. Оние кои пијат црвено вино обожаваат затворени барови; оние кои пијат бело вино сакаат да се на отворено.

14. Оние кои пијат црвено вино ја држат чашата со сите прсти; оние кои пијат бело вино го поткреваат малото прсте.

15. Оние кои пијат црвено вино носат долги фустани; оние кои пијат бело вино покажуваат повеќе кожа.

16. Оние кои пијат црвено вино сакаат да носат удобни обувки; оние кои пијат бело вино сакаат високи потпетици.

17. Оние кои пијат црвено вино седат во големи и кожни столици; оние кои пијат бело вино лежат на плажа.

18. Оние кои пијат црвено вино преферираат да пишуваат со пенкало; оние кои пијат бело вино употребуваат технологија.

19. Оние кои пијат црвено вино сакаат кога е топло; на оние кои пијат бело вино не им пречи студеното.

20. Оние кои пијат црвено вино уживаат пред топлината на каминот; оние кои пијат бело вино ги обожаваат деновите со свеж ветер.

21. Оние кои пијат црвено вино најудобно се чувствуваат во пантолони; оние кои пијат бело вино преферираат летни фустани.

22. Оние кои пијат црвено вино сакаат да читаат добра литература; оние кои пијат бело вино сакаат да гледаат добри филмови.

23. Оние кои пијат црвено вино преферираат разговор во 4 очи; оние кои пијат бело вино преферираат онлајн разговор.

24. Оние кои пијат црвено вино навечер уживаат во домашна атмосфера; оние кои пијат бело вино најдобро ги поминуваат своите ноќи на забави.

25. Оние кои пијат црвено вино носат повеќе слоеви облека; оние кои пијат бело вино сакаат кога се поедноставно облечени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. CBam Reply

    А тие што пијат и бело и црвено ?

    • Моника Трајковска Reply

      на нив секој ден им е нова авантура 🙂

  2. MeMe Reply

    Ама не е точно. Пробајте направете анкета па видете, а не вака од памет тропање колку да се рече нешто дека има ставено

  3. Shadow Reply

    Ова е релативно

  4. jas Reply

    ovaa NEMA VRSKA!!!

  5. hudeu Reply

    kako studentka po psihologija avtorkata bi trebalo da znae deka ova se gluposti

    • Моника Трајковска Reply

      текстов е напишан исклучиво за забава и не треба да се сфати сериозно, токму затоа и е сместен во категоријата забава и хумор 🙂

  6. jovan Reply

    Фикција…си напишала текст за Розе вино,немој професор Јанаков да го види текстов.

    • Моника Трајковска Reply

      Искрено, сигурна сум дека слатко би се изнасмеал доколку некогаш би го прочитал 🙂 Бидејќи нели, тоа беше и целта на текстот…

Остави коментар