Прегнете ги мајките! 20 причини за да го сторите тоа

Кога станува збор за тоа кој најмногу заслужува прегратка, секогаш првото место без конкуренција го достигнуваат само мајките. Затоа прегрнувајте ги секогаш, секој ден.

1. Затоа што беше најголем фан на секоја активност во којашто ќе одлучеше да се пробаш како дете.

2. Затоа што на натпреварите навиваше за тебе како да играш за светско првенство, а не за средношколски тим.

1-pregrnete-gi-majkite-20-prichini-da-go-storite-toa-kafepauza.mk

3. Затоа што додека ти се трудеше да им оставиш најдобар можен впечаток на другите, за мајка ти веќе беше ѕвезда.

4. За миговите кога забораваше да ѝ се јавиш, но нејзе секогаш ѝ текнуваше.

5. За секој пат кога морала да те земе во самопослуга со неа знаејќи колку ќе биде напорно и скапо твоето настојување додека сте таму.

6. Без разлика што работела, ти си ѝ била најтешката и сè уште си најважната работа во нејзиниот живот.

7. За секој пат кога ќе го оставеше ранецот или јадењето каде ќе стигнеш. Или пак кога одеднаш ќе почнешe да плачеш, а таа секогаш одеше по тебе.

8. За сите вознемирувачки тинејџерски денови кога мораше да ги издржи твоите елаборати за тоа како едвај чекаш да станеш возрасна личност која самата ќе ги носи своите одлуки.

9. За секоја семејна традиција која се трудела да ја задржи, а тебе ти била досадна. Прегрни ја затоа што тоа многу ја повредувало.

10. За прифаќање на одговорноста да биде најдобар женски модел за својот син и/или за својата ќерка.

2-pregrnete-gi-majkite-20-prichini-da-go-storite-toa-kafepauza.mk

11. Затоа што секогаш е своја и го кажува она што го мисли и држи до себе! Ова е лекција која дефинитивно заслужува прегратка.

12. За секој пат кога те притискала за зборуваш кога тебе не ти било до зборување. Затоа што се трудела да направи најдобра можна верзија од тебе.

13. За секоја поддршка во животот кога ти изгледало дека целиот свет се срушил. Вака ти ја покажувала важноста на семејството во секое време, без разлика на тоа колку светот се менува.

14. Затоа што никогаш не изгубила доверба во тебе без разлика колкава грешка си направил/а.

15. Затоа што посветувала премногу внимание и се гордеела на сите детали во твојот живот коишто другите само ги забележувале.

3-pregrnete-gi-majkite-20-prichini-da-go-storite-toa-kafepauza.mk

16. За секоја игра, активност, патување за кое толку неуморно се трудела да излезе супер само за да те види среќен/на.

17. За поддршката на твоите соништа и одлуки без разлика на тоа каде ќе те одведат.

18. За сите жртви кои ги направила за твојот живот за сметка на нејзиниот.

19. Бидејќи е единствениот човек кој ќе ти направи повеќе фотографии отколку „E! News“ на славните. Таа сака да ја фотографира секоја прослава, матура, обичните денови, бидејќи за неа си најважната славна личност.

20. Затоа што е вистинската дефиниција за најдобар пријател. Некој кој те предизвикува, поддржува, ти дава самодоверба и те сака токму онаков/ва каков што си. Затоа оди и прегрни го твојот најдобар пријател. Прегрни ја мајка ти!

4-pregrnete-gi-majkite-20-prichini-da-go-storite-toa-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар