Постојаното жалење е лошо за вашиот мозок

Стресот, за жал, стана дел од животот на сите, а бидејќи докажано го намалува мозокот, потребно е да се ослободите од него.

Постојаното жалење е лошо за вашиот мозок

Неретко луѓето се ослободуваат од стресот така што се жалат за своите проблеми и ова на некој начин им е „издувен вентил“. Но, токму овде се појавил и друг проблем. Имено, според истражувачите од Стенфорд, жалењето има негативно влијание врз мозокот.

Веројатно сите често се наоѓаат во ситуација кога на работа им се жалат на клиентите, шефот или колегите, а ова продолжува и кога ќе заминат дома. Воглавно, ако ова го правите подолго од половина час дневно, му нанесувате трајна шета на вашиот мозок.

Истражувањето вклучувало магнетна резонанца и пронашло врска помеѓу долготрајниот стрес, изложеноста на хормоните кои се создаваат во тој момент и намалувањето на хипокампусот, делот од мозокот одговорен за учење и снаоѓање во просторот. Покрај тоа, ова е делот од мозокот во кој се создаваат нови сеќавања.

Единствен начин да ги спречите негативните последици е наместо постојано жалење, да се обидете да најдете решение за ситуацијата што ве фрустрира. Со други зборови, накратко пожалете се за проблемот, а потоа почнете да работите на решение.

Погледнете и како постојаното жалење ја уништува вашата врска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар