Дали сте нетолерантни на лактоза? Алпско и Биотек ви помагаат за живот без тегоби!

Дали сте нетолерантни на лактоза? Алпско и Биотек ви помагаат за живот без тегоби!

Во последно време сè повеќе се зборува за исхрана без лактоза. Тоа е проблем на голем број луѓе низ светот, но не секој од нив  знае од што му се појавуваат стомачните тегоби кога консумира млечни производи, а особено млеко. Се работи за нетолеранција на т.н. млечен шеќер наречен лактоза, кој во најголем дел го има во млекото но и во другите млечни производи. Исхраната со лактоза кај многумина предизвикува тешки стомачни тегоби, а кај некои симптомите се поблаги, па затоа тие ги препишуваат тегобите кои ги чувствуваат, на прејаденост или моментална болка во стомакот. Во ова категорија на нетолеранти на лактоза доминираат најмалите кои се осудени на живот без млеко кое за жал го има и во составот на безброј вкусни десерти како на пр. сладолед. Ова го вклучува и чоколадното млеко кое е најомилен пијалак на најмалите а неретко и на возрасните.

Но, убаво би било да знаете дека има чаре за вашиот проблем, и дека не мора да се откажувате од млечните продукти кои ви причинуваат задоволство, ниту пак во целост да ги лишувате вашите деца. Дали кафе, смути или порција житарици – сите утрински ритуали во голема мера вклучуваат млеко, па затоа доколку сте се посомневале дека имате некои од симптомите, по консумирање млечни производи, веднаш закажете тест за нетолеранција во БИOTEK – првата специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема.  Доволна е една капка крв за сите денови да ви се полесни!

Доколку откриете дека сте нетолеранти, знајте дека на полиците во сите супермаркети веќе постојат безлактозни производи. Таму може да го најдете и Алпското млеко без лактоза, кое ќе ве ослободи од тегобите и ќе ви даде крилја за полесен ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар