Кој озборува повеќе, мажите или жените?

Без разлика дали сте маж или жена, колку и да не сакате да признаете, озборувањето со пријателите е составен дел од животот. Веројатно ќе се согласите и дека понекогаш озборувањето навистина прави да уживате. Сепак, не сите озборувања се со лоша намера.

Кој озборува повеќе, мажите или жените?

Едно социјално истражување го проучувало феноменот на озборување и покажало дека секој ден, минуваме по еден час во оваа активност. Покрај ова откритие, истражувањето срушило и многу митови за озборувањето во кои повеќето од нас веруваат.

Во научна смисла, озборувањето се дефинира како разговор за личност која не е присутна. Овој разговор може да биде позитивен, негативен или неутрален.

Научниците од американскиот Универзитет Риверсајд го проучувале истражувањето и откриле навистина интересни работи.

Во истражувањето, за озборување се сметал и разговорот за јавните ликови, а токму ова го зголемува дневното количество на озборување во нашиот живот. Според ова, 14% од сите разговори во текот на денот се всушност озборувања.

Кога станува збор за видот на озборување, 3/4 од разговорите биле неутрални, но имало многу повеќе негативни отколку позитивни озборувања.

Жените и социјалните луѓе озборувале најмногу, но само кога станувало збор за неутралните озборувања. Кога станува збор за негативните, и мажите и жените озборувале подеднакво.

Кога станува збор за социјалниот статус на озборувањето, тоа е исто застапено во сите социјални слоеви. Од ова можеме да заклучиме дека озборувањето навистина е сеприсутно.

Погледнете и кои се придобивките од озборувањето.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар