Порно актерките се посреќни од останатите жени?

Порно актерките се посреќни од останатите жени?

Според новите резултати објавени во магазинот „Journal of Sex Research“, порно актерките не се ни малку незадоволни од сопствениот живот. Напротив, тие се психолошки поздрави, посреќни, имаат голема самодоверба, подобар квалитет на живот, попозитивни се, сексуално се позадоволни од останатите жени, имаат повеќе енергија и подобро спијат.Порно актерките се посреќни од останатите жени?Истражувачите наведуваат дека воопшто не е точно стереотипното размислување дека сите порно актерки потекнуваат од проблематични семејства, се дрогираат, сиромашни се, очајни се и биле сексуално злоупотребувани во детството. Тие велат дека тие работи се наметнати, за да се поткрепи или да се осуди порно индустријата, а вистината е дека вистинските карактерни особини на овие жени се непознати, бидејќи досега не им било извршено никакво истражување.

Истражувањето било извршено на 177 жени од порно индустријата, на старосна граница од 18 до 50 години и на 177 жени, во рамките на истата возраст, етничко потекло и брачен статус од други професии.

Како што и се очекува, студијата покажала дека порно ѕвездите уживаат повеќе во сексот од другите жени, односно 70%, наспроти 30% од жените вработени надвор од порно индустријата. Просечен број на партнери на порно актерките им е 75, не пресметувајќи ги актерите со кои глумат во порно филмовите, додека просечна жена менува во просек по 5 партнери во текот на животот.

Порно дивите, во просек работат по 3,5 години во порнографската индустрија. Повеќе од 1/3 од нив се во брак или се во сериозна врска, додека 44% од нив се сингл.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар