Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Неодамна, терминот „лажни вести“ стана навистина популарен, а денес, благодарение на алатките како Фотошоп, дури и највнимателните луѓе можат да бидат измамени. На оваа листа ќе ја дознаете вистината зад некои од најпопуларните фотографии што ги гледавме изминатиов период. За колку од овие фотографии верувавте дека се вистински?

1. Зад сцените на студиото MGM

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Веројатно ја имате видено фотографијата лево. Вистинската фотографија е всушност лав на преглед кај ветеринар. Добрите вести се што лавот целосно оздравел и денес е со одлично здравје. Интересен факт е тоа што за потребите на студиото MGM, биле користени 7 лавови. Името на сегашниот лав е Лео и се има појавено во повеќето филмови од 1957-ма година, па сè до денес.

2. Астронаут што пуши марихуана во вселената

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Слободно може да се каже дека Крис Хедфилд е еден од најсаканите астронаути на светот. Неговите неверојатни видеа од вселената ни одговорија многу прашања за животот без гравитација. На вистинската фотографија, Крис е фотографиран со велигденски јајца кои биле изненадување за неговите колеги.

3. Мачка со веѓи

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Интернетот едноставно ги сака животните, особено ако изгледаат слатко и чудно. Па без сомнение, фотографијата од мачка со мустаќи и веѓи ќе биде многу популарна. Во реалноста, мачката ги има само раскошните мустаќи.

4. Бран од ориз

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Ова е неодамнешна популарна фотографија на која се гледа момче кое прави неверојатен бран од оризот во неговата тавичка. Фотографијата привлече многу внимание за многу кратко време. За жал, бранот од ориз е скулптура изложена во Токио.

5. Дете кое спие до гробовите на родители во Сирија

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Оваа фотографија трогна многумина, но и таа е лажна. Детето на фотографијата всушност позира и воопшто не лежи до гробови.

6. Неиспланирано име

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Пред некое време оваа фотографија најдобро го прикажуваше Интернет хуморот и ироничната грешка беше споделувана постојано. За жал, и оваа фотографија е лажна.

7. Жена во невозможна позиција

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Уште една од најпознатите фотографии на Интернет е лажна. Иако на вистинската фотографија жената има кренато само една нога, сепак изгледа малку чудно.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар