Бил Гејтс открива кои се неговите омилени ТВ серии

Бил Гејтс открива кои се неговите омилени ТВ серии

Понекогаш сфаќаме дека некое хоби или навика ни одзема премногу време и не ни дозволува да бидеме продуктивни, па некој период се оддалечуваме од тоа и создаваме нови приоритети. Токму тоа го направил Бил Гејтс со неговиот телевизор во неговите 20-ти.

Бил Гејтс открива кои се неговите омилени ТВ серии

Во неговите 20-ти, речиси половина деценија Бил престанал да слуша музика и да гледа телевизија.

„Звучи екстремно, но го направив ова бидејќи сметав дека тоа само ми го одвлекува вниманието од размислување за софтвер.“

Очигледно, неговиот план функционирал бидејќи во 20-тите Бил Гејт го создал Мајкрософт.

Но, поставувањето нови приоритети не значи дека треба целосно да се откажете од вашето хоби. Всушност Бил изјавил дека има неколку омилени ТВ серии што сака да ги гледа. Бил, кој беше извршен директор на Мајкрософт до 2000-та година, а сега ја води Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, одвојува време за телевизија и споделил што сака да гледа овие денови.

„Тој период на оддалечување од забавата траеше само 5 години. Овие денови сум голем фан на ТВ сериите како ‘Наркос’ (Narcos) и слушам многу U2, Вили Нелсон и Beatles.“

Кога одговарал прашања на Редит, тој споделил уште неколку серии кои не сака да ги испушти.

„Мелинда и јас сакаме да гледаме серии како ‘Силиконска долина’ (Silicon Valley), ‘Ова сме ние’ (This is Us), ‘Милион мали нешта’ (Million Little Things)… ‘Наркос’ ја изгледав сам. ‘Лажи ме’ (Lie to Me), ‘Американски вандал’ (American Vandal), ‘Црно огледало’ (Black Mirror). Има многу добри серии – луѓе ми кажуваат за нив, но не можам да ги изгледам сите!“

Но се разбира, не е сè музика и телевизија. Бил Гејтс исто така ужива во медитацијата, која ја нарекува вежба за умот. И тој и неговата сопруга неодамна почнале да медитираат 2 до 3 пати неделно, по 10-тина минути.

„Не сум сигурен колку медитацијата би ми помогнала да се фокусирам во раните денови на Мајкрософт, бидејќи бев навистина фокусиран и без неа. Но сега кога сум во брак, имам три деца и имам поширока палета на професионални и лични интереси, таа е одлична алатка за подобрување на мојот фокус. Исто така ми има помогнато да се повлечам и да се смирам со кои било мисли или чувство што ги имам. Ми се допаѓа она што го добивам од 10-те минути на секои неколку денови.“

Погледнете и кои се омилените книги на најуспешните луѓе во современиот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар