Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет - Part 2

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

8. Замрзната Венеција

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Венеција е дефинитивно едно од најубавите места на планетата, па нема потреба на фотографиите да се додава Бајкалското Езеро од Русија.

9. Магичен замок

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Замокот кој речиси секој сака да го посети, па можеби дури и да остане таму, е всушност комбинација од карпа во Тајланд и замок во Германија.

10. Опасно селфи

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Иконската селфи фотографија на пилотот во воздух, за жал е направена на земја. Сепак ова не ја прави фотографијата помалку интересна.

11. Совршени облаци

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Овие облаци изгледаат неверојатно и без Фотошоп. Сепак, авторот на лажната фотографија успеа да измами многу луѓе ширум светот.

12. Црн лав

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Како што веќе спомнавме, Интернетот е вљубен во чудните животни. Речиси сите беа возбудени од фотографијата од црниот лав, но и овој пат станува збор за лага.

13. Кампања против сечењето на шумите

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Неодамна доста популарен беше хаштагот #10yearschallenge со кој беа означени фотографии со споредби од пред 10 години и денес. Многу луѓе се одлучија да го искористат овој тренд со цел да ја подигнат свесноста за нашето лошо влијание врз планетата. Еден од најголемите проблеми на 21-виот век е масовното уништување на шумите, па луѓето се обидоа да ни го покажат тоа. За жал, фотографијата употребена за споделување на оваа порака е лажна.

14. Месечината и облакодер

Популарни лажни фотографии што го измамија целиот Интернет

Постои некоја чудна опсесија со фотографии од месечината. Изгледа дека ако сакате да направите популарна фотографија, само треба да ја сместите месечината на најчудното место. Токму ова се случи и со оваа фотографија.

Погледнете ги и овие фотографии од минатото што го измамиле целиот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар