Поминувате низ кризен период? Одберете една од овие слики и дознајте што треба да направите!

Поминувате низ кризен период? Одберете една од овие слики и дознајте што треба да направите!

Сите ние се соочуваме со различни ситуации во нашиот живот што ни предизвикуваат големо ниво на стрес, и без разлика што правиме, едноставно не успеваме да се справиме и потпаѓаме под неговото огромно влијание. Па, што можете да направите за подобро да се снаоѓате со животните предизвици? Постојат одредени активности што можат да ви помогнат да се приземјите, центрирате и да не изгубите контрола над вашите емоции и мисли. Одберете една од овие слики и дознајте што навистина ви е потребно во овој момент…

1. Природа

Времето поминато во природата е најдобриот начин да го намалите вашиот стрес. Без разлика дали шетате на сонце или пак, се пробивате низ снегот, вие автоматски се одвојувате од хаосот и создавате хармонија. Токму затоа и од исклучителна важност е конечно да најдете малку повеќе време да се подружите со Мајката Природа.

2. Креативност

Понекогаш токму пренесувањето на фокусот од тоа што ви предизвикува непријатности во нешто креативно, како танцување, пишување, сликање, пеење и слично, може да ви направи огромна разлика во начинот на справување со стресот. Многу луѓе веднаш влегуваат во медитативна состојба кога ќе почнат со нешто креативно, па затоа и скоро инстантно се смируваат. Токму тоа и вам ви е потребно во овој момент.

3. Детоксикација

Не постои 100-процентно докажан начин за постојано одржување на чистотата на вашата аура. Ниту пак, нешто што би ви помогнало постојано да бидете исполнети со добра енергија. Токму затоа и духовната хигиена е од исклучителна важност. Кога ќе ги елиминирате нездравите размислувања, негативните емоции и тешката енергија од вашите ум, тело и дух, вие ќе создадете здрави граници на енергетското и физичкото.

Сакате да направите уште еден ваков тест? Кликнете на една од овие слики и дознајте за што конечно дошло време во вашиот живот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар