Одберете една слика и дознајте на што треба да се фокусирате оваа недела

Одберете една слика и дознајте на што треба да се фокусирате оваа недела

Различни планети на небото можат различно да влијаат на нас, како на физичко ниво, така и на психолошко. Тие можат да ни донесат и ниска или висока енергија, и од вас зависи како ќе ја искористите. Кога работите ќе станат малку луди, можеби не можеме да ги разбереме нештата што се развиваат пред нас и токму во тие моменти одлично би ни дошле некои насоки. Ако и вие минувате низ ваков период, тогаш одберете една од овие слики и дознајте во која насока треба да тргнете неделава за малку да се стабилизирате.

Слика број 1

Наскоро ќе надминете неколку тешки и исцрпувачки ситуации. Додека нештата се расплеткуваат за вас во следниве неколку недели, дајте си признание за тоа што ќе го остварите оваа недела. Неопходно е да размислувате за тоа што сте го научиле за себе и за другите во текот на овој процес, бидејќи мудроста што сте ја стекнале поради вистинските причини е онаа што треба да ви остане во мислите.

Слика број 2

Неколку области во вашиот живот се наоѓаат надвор од рамнотежа. Тоа може да биде вашата исхрана, здравствената состојба, работата или врските… Најдобро е да почнете да водите дневник и да го бележите начинот на кој го минувате времето од будење до заспивање за да можете да направите подобар распоред. Тоа е најдобриот начин да видите како го трошите времето, но и енергијата и на што треба да се фокусирате за да направите промена.

Слика број 3

Поради своите емпатични способности за поврзување со другите на емоционално ниво, важно е да поставите здрави граници. Многумина можеби и не се свесни дека црпат енергија од другите. Иако тоа не го прават намерно, постојат големи шанси да ги трошат сите околу себе. Затоа и ова е добар момент да се проверите и да се преиспитате себеси да не случајно давате повеќе одошто ви е потребно. Следниот чекор е да воспоставите и да одржувате здрави граници со другите.

Одберете и една од овие слики, кликнете на неа и дознајте за што конечно дошло време во вашиот живот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар