Пингвин патува 8.000 километри за да го види својот спасител

Секоја година, Џинџин доаѓа во дворот на една куќа која се наоѓа на плажа во Бразил. Малиот пингвин го посетува човекот кој му го спасил животот.

Пингвин патува 8,000 километри за да го види спасителот

Еден ден, еден бразилски рибар пронашол мал пингвин кој бил прекриен во нафта и заглавен во карпи. Тој го исчистил и го нахранил, надевајќи се дека ќе оздрави. Пингвинот останал со него осум месеци. Потоа, едноставно исчезнал.

Меѓутоа, оттогаш пингвинот секоја година патува 8.000 километри за да го посети својот спасител. Храбриот и среќен пингвин, кој го добил името Џинџин, се враќа кај неговиот херој веќе пет години.

Ова пријателство е неверојатно и ги зачудило научниците, кои претпоставуваат дека пингвинот на овој начин му ја покажува својата верност на рибарот. Дознајте повеќе за оваа вистинска приказна во видеото подолу.

Доказ дека животните се неверојатни е и ова куче кое херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар