Неверојатна приказна: Куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија

Неверојатна приказна: Куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија

На секој сопственик на куче му се добро познати прошетките рано наутро со нивното сакано милениче. Познати ѝ се и на Пола Годвин од Антем, Аризона, САД којашто честопати оди на безгрижна прошетка со нејзините две кучиња, Тод и Купер, но последниот пат таа не завршила како и вообичаено.

Неверојатна приказна: куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија

Сè се случило многу брзо. Пола на почетокот немала ни забележано дека има нешто на патот пред неа.

„Беше прекрасно утро, но како што се искачувавме по ридот јас за малку буквално ќе стапнев на отровна змија од видот ѕвечарка. За среќа, моето херојско куче Тод ме спаси од неа“, напишала Пола на нејзиниот Фејсбук профил.

Неверојатна приказна: куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија Неверојатна приказна: куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија

6-месечниот златен ретривер Тод, е само уште еден доказ дека кучето е најдобриот пријател на човекот. Тоа прво ја забележало змијата, поради што рипнало пред нозете на својата сопственичка и го примило отровниот убод, којшто бил наменет за Пола.

Неверојатна приказна: куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија

„Тоа рипна токму пред мојата нога, каде што сигурно ќе бев касната. Вака изгледа еден херој“, ја објаснува Пола страшната ситуација.

После убодот од ѕвечарката во лицето на кутрото кученце, местото почнало многу да отекува. Пола истрчала кон најблиската ветеринарна клиника, каде што ветеринарот му вбризгал на Тод инјекција со противотров и останал покрај него цел ден, со цел да се осигури дека сè ќе биде во ред.

Неверојатна приказна: куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија Неверојатна приказна: куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија Неверојатна приказна: куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија

После кратко време, сопственичката објавила нов статус на Фејсбсук, со слика од Тод во паркот, во којшто кажува дека нејзиното кученце закрепнува и веќе е застанато на нозе.

Неверојатна приказна: куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија Неверојатна приказна: куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија

Прочитајте ги и овие вистински приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар