Пиењето алкохол можеби е поопасно за младите отколку што мислиме

Според едно ново истражување, консумирањето алкохол можеби е многу поопасно отколку што мислиме, особено кај младите возрасни.

Пиењето алкохол можеби е поопасно за младите отколку што мислиме

Иако умереното пиење алкохол често се смета и за добро, авторите на истражувањето истакнале дека повеќето од резултатите за придобивките од алкохол се добиени од испитаници постари од 50 години. Ова создава искривена слика за придобивките од алкохол, бидејќи ги елиминира луѓето кои умреле од консумирање алкохол на помлада возраст.

Ова треба да предизвика грижа бидејќи повеќе од третина од смртните случаи поврзани со консумирање алкохол се случуваат кај луѓе на возраст од 20 до 49 години.

Како што истакнале истражувачите, починатите луѓе не можат да учествуваат во медицински истражувања. Покрај тоа, оние кои се „пијачи“ на 50-годишна возраст го „преживеале“ консумирањето алкохол или бидејќи биле поздрави, или бидејќи имале поздрави навики за пиење во споредба со другите. Глобално истражување од минатата година заклучило дека нема безбедно ниво на консумирање алкохол.

Во новото истражување, научниците анализирале информации од база со податоци која ги содржела смртните случаи поврзани со алкохол и потенцијалните изгубени години поради консумирање алкохол во САД. Во базата биле вклучени 54 медицински состојби кои се поврзани или директно или индиректно со консумирањето алкохол, како болести на црниот дроб и сообраќајни несреќи под дејство на алкохол. Иако консумирањето алкохол е поврзано со зголемен ризик од смрт во повеќето од овие ситуации, во некои случаи ризикот од смрт бил намален, особено кај кардиоваскуларните болести.

Истражувачите откриле дека од 2006-та до 2010-та година, околу 36% од смртните случаи поврзани со алкохол биле кај луѓе на возраст од 20 до 49 години. Само 15% од смртните случаи биле кај луѓе постари од 65 години.

За да ги откријат придобивките од алкохолот, истражувачите се фокусирале на смртни случаи кои биле „спречени“ благодарение на алкохолот, како и на годините „зачувани“ од алкохолот. Кај луѓето на возраст од 20 до 49 години, алкохолот спречил 4,5% од смртните случаи, во споредба со 80% од луѓето на возраст над 65 години.

Воглавно, резултатите покажале дека претходните истражувања кои вклучувале постари возрасни личности го потцениле ризикот од алкохолот кога станува збор за другите возрасни групи.

Сепак, научниците истакнале дека постојат многу причини зошто луѓето одбираат да пијат или да не пијат алкохол, настрана од здравствените придобивки. Повеќето луѓе кои одбираат да пијат умерено, можат да го прават тоа со релативно мал ризик.

Дознајте и кои се последиците врз телото од само една вечер претерано пиење алкохол.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар