Постои Фејсбук група во која колегите од факултет ја исмејувале Лејди Гага за нејзината желба да биде позната

Постои Фејсбук група во која колегите од факултет ја исмејувале Лејди Гага за нејзината желба да биде позната

Животната приказна на Лејди Гага докажува дека никој не станува голем без да му се случи некоја катастрофа. Во периодот кога ја започнувала нејзината кариера, „непријателите“ на Лејди Гага направиле Фејсбук група насловена „Стефани Германота, никогаш нема да станеш позната“.

Колегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувале

Неодамна луѓето дознаа за оваа мала заедница и веднаш се вљубија во нејзината иронија. Во групата се наоѓаат фотографии од млада 18-годишна студентка од Њујорк која свири пијано во локални барови. Исто така имало и жестоки коментари со кои ја обвинувале тогаш надежната ѕвезда дека само барала внимание.

Колегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувале

Една жена по име Лорен Бон била бруцош во Њујорк кога ја забележала групата и ја споделила со јавноста во 2016-та година со објава на Фејсбук.

„Кога бев бруцош на Универзитетот во Њујорк и Фејсбук постоеше само една година се сеќавам дека налетав на Фејсбук група што ми го скрши срцето. Нејзиното име беше ‘Стефани Германота, никогаш нема да бидеш позната’“, напишала Лорен на објавата.

„Исто така се сеќавам дека едно момче објави флаер за една од нејзините следни свирки во локалниот бар. Очигледно го нагазил флаерот бидејќи се познаваше кал од неговиот чевел околу нејзиното име.“

Колегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувале

Некој период жената целосно заборавила на групата и на Стефани Германота. Но околу 5 години подоцна, го читала профилот на Лејди Гага во списанието New York Magazine и сфатила за кој станува збор. Таа напишала:

„Стефани, ти благодарам. Ти благодарам што секогаш мислеше дека си суперѕвезда, што ги искористи твоите пукнатини за да ѝ дозволиш на светлината да влезе повеќе. Луѓе, да ја следиме.“

Колегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувале

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар