Постои Фејсбук група во која колегите од факултет ја исмејувале Лејди Гага за нејзината желба да биде позната - Part 2

Постои Фејсбук група во која колегите од факултет ја исмејувале Лејди Гага за нејзината желба да биде позната

Искуството на Лејди Гага на факултет не било прв пат таа да искуси слично малтретирање. Нејзините родители ја запишале во приватно католичко училиште, каде што прв пат почувствувала колку сурови можат да бидат децата.

„Си правев големи Евита веѓи. Имав интензивен тен на училиште и луѓето ме прашуваа ‘Зошто си толку портокалова, зошто така си ја правиш косата? Зошто мора да изгледаш така на училиште?’ Бев нарекувана к***а, бев нарекувана ова, бев нарекувана она. Понекогаш не сакав ни да одам на училиште.“

Колегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувале

Но изгледа дека она што не ве убива, навистина ве прави посилни. На 11-годишна возраст, Гага почнала да оди на часови по пеење кај Дон Лоренс, тренерот на Кристина Агилера. Продолжила да работи со него дури и кога кариерата ѝ тргнала во нагорна линија. Покрај пеењето, Гага научила да свири класично пијано и земала часови по глума – вештини што ѝ донеа Оскар.

Колегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувале

Фокусирајќи се на нејзината музичка кариера, Гага се запишала на Универзитетот во Њујорк, но се откажала бидејќи сакала да го започне нејзиното реално музичко искуство.

„Го оставив целото семејство, го најдов најевтиниот апартман и јадев лоша храна сè додека некој не ме слушна.“

Позната по нејзиниот храбар изглед во почетокот од кариерата, со огромни очила и фустан од месо, нејзината музичка основа ја издигна Гага во светот на поп музиката.

„Бев класично тренирана како пијанист, а тоа те учи како да напишеш поп песна.“

Колегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувале

На 19 години, ѕвездата помислила дека дошол нејзиниот момент кога потпишала договор со Def Jam, но работите не оделе по план. Три месеци по потпишувањето на договорот, Гага била известена дека таа не е за нив. Како и обично, таа останала посветена.

Во 2008-ма година, нејзиното тогашно момче, Роб Фусари, ја претставил Гага на студиото Interscope, но како текстописец, а не пејачка. Тогаш, ѕвездата навистина се роди. Таа пишувала хитови за познати артисти како Ферги, Pussycat Dolls, па дури и Бритни Спирс. Додека соработувала со студиото, Гага снимала една од нејзините песни. За среќа, демо верзијата ја слушнал Ејкон и потпишал договор со неа.

Колегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувале

Преку неуспеси, малтретирање и одбивање, Лејди Гага успеала да стане позната пејачка и актерка. Досега е номинирана за 24 Греми награди, а има освоено 9. Во 2018-та година се појави и како актерка во филмот „Ѕвездата е родена“ (А Star is Born) и доби Оскар за нејзиниот филмски хит „Shallow“.

Колегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувале

Во нејзиниот говор за прифаќање на Оскарот, Гага сподели неколку инспиративни зборови за сите надежни артисти кои се пронаоѓаат во неа.

„Ако сте дома и ако седите на креветот и го гледате ова, сè што можам да ви кажам е дека ова е напорна работа. Работев напорно и долго и не е сè во победата. Она што е важно е да не се откажете. Ако имате сон, борете се за него. Има дисциплина за страста. Не е важно колку пати ќе ве одбијат или колку пати нема да успеете. Важно е колку пати ќе станете и ќе бидете храбри да продолжите напред.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар