Објавени се 10-те најдобри фотографии од изминативе 6 месеци направени со ајфон

Објавени се 10-те најдобри фотографии од изминативе 6 месеци направени со ајфон

Новата година значи нови натпревари во фотографија и нови победници. Овој пат, од Епл ја објавија нивната листа со победници во натпреварот „Фотографирано со ајфон“ за 2019-та година. Натпреварот се одржуваше од 22-ри јануари до 7-ми февруари и целта е да се слават фотографиите направени со ајфон.

Учесниците се пријавуваа преку социјалните мрежи со хаштагот #ShotOniPhone. Жирито се состоело од 11 членови одбрани од компанијата кои биле од уметници, па сè до техничка поддршка на Епл. На 26-ти февруари, Епл ги објави 10-те победници чии фотографии ќе се најдат на билборди во одредени градови, во продавници на Епл, како и онлајн.

„Фотографиите доаѓаат од разни модели, од ајфон XS Max до ајфон 7, покажувајќи го квалитетот на камерата низ линијата“, објавиле на сајтот на Епл.

Па, погледнете кои се најдобрите фотографи направени со ајфон.

1. Дерен Сох, Сингапур (iPhone Xs Max)

2. Елизабет Скарот, САД (iPhone 8 Plus)

3. Блејк Марвин, САД (iPhone Xs Max)

4. Алекс Џианг, САД (iPhone Xs Max)

5. Ендру Грисволд, САД (iPhone Xs)

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар