„Паметен“ фустан открива колку често жените се допирани во јавност без дозвола

Многу жени се соочиле со непристојно допирање во јавност. Но сè досега немаше начин да се докаже колку всушност се случува ова. Благодарение на „паметниот“ фустан создаден како дел од кампањата „Фустан за почит“ (Dress for Respect) можеме да ја видиме суровата реалност.

„Паметен“ фустан открива колку често жените се допирани во јавност

Кампањата била лансирана од бразилската агенција за рекламирање Ogilvy како дел од движењето #MeToo. Ова движење во кое се вклучија многу луѓе ширум светот, им помогна на жените да го вратат својот глас и им нуди безбедна платформа за зборување против непочитувањето и вознемирувањето со коешто се соочуваат.

Паметниот фустан е опремен со сензори кои се активираат кога носителот е допрен. Три жени по име Јулијана, Татјана и Луисија го облекле фустанот додека биле излезени навечер. Целта била да се одреди колку пати ќе бидат допрени од странци без нивна дозвола.

„Паметен“ фустан открива колку често жените се допирани во јавност

По крајот на експериментот податоците покажале дека волонтерките биле допрени неверојатни 157 пати, односно 40 пати во еден час. Со секој нов регистриран допир, вознемирувањето станувало сè повидливо.

Потоа неколку мажи биле замолени да гледаат снимки од жените додека се допирани без нивна дозвола. Секој од нив бил запрепастен од тоа колку очигледно било вознемирувањето на камера. Еден од нив извикал:

„Тоа е толку чудно. Гледај, се обидува да ја бакне! Боже!“

„Паметен“ фустан открива колку често жените се допирани во јавност

Според статистиката од агенцијата, 86% од жените во Бразил се соочиле со сексуално вознемирување во ноќни клубови. Најчести биле свиркањата и довикувањата (77%), потоа непристојното гледање (74%), сексуалните коментари (57%) и пцуењето (39%).

Иако вознемирувањето на жените нема да исчезне преку ноќ, со помош на оваа кампања се нагласува сериозноста на проблемот.

Дознајте и нешто повеќе за #СегаКажувам, хаштаг кој им овозможува на сите жртви и сведоци на сексуално вознемирување отворено да проговорат за нивните искуства.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар