Овие знаци откриваат дека имате нетолеранција на пиво

Додека многумина ќе бидат свежи и полни со енергија следното утро по пиењето пиво претходната ноќ, некои луѓе буквално не можат да го поднесат пивото или некои специфични состојки во него. Ако шишето пиво и вашето тело не се компатибилни, пиењето може да му наштети на вашето здравје. Можеби е време да истражите дали треба да се откажете од пивото и да пробате нешто друго на вашето следно излегување.

Овие знаци откриваат дека имате нетолеранција на пиво

Иако можете да јадете житарки, хмељ и квасец во други форми, на пример во печива или леб, кога овие состојки се консумираат како алкохол, имаат различни својства, па се менува и вашата реакција. Не мора да имате специфична нетолеранција кон која било состојка на пивото за да бидете чувствителни на овој пијалак.

Екстремната надуеност, непријатноста или вознемирениот желудник се само некои од најочигледните знаци кои предупредуваат дека имате нетолеранција на пиво. Но, постојат многу симптоми кои можат да се појават во случај на нетолеранција на пиво.

Чувствувате блага вртоглавица и замагленост

Ако сте испиле каков било вид алкохолен пијалак, ќе ви биде малку замаглено. Меѓутоа, ако се чувствувате премногу уморни или не размислувате јасно по лесен пијалак, ова може да биде начинот на кој вашето тело сигнализира алергиска реакција.

Пивото ве изморува

Заморот по пиењето пиво е знак дека вашето тело не може да го толерира. Се разбира, ако пиете доцна навечер и почнете да чувствувате поспаност, можеби сте само уморни, па затоа е важно да бидете свесни за вашата состојба. Ако не сте биле уморни пред да почнете да пиете или сте се измориле брзо по пиењето пиво, може да имате алергиска реакција.

Воспаление на цревата

Пиењето пиво може да доведе до воспаление во цревата и да го зголеми ризикот од заболување на црниот дроб. Пивото поминува низ телото многу брзо и може да доведе до зголемена иритација во цревата.

Сепак, не можете лесно да откриете дали пивото предизвикува воспаление на цревата затоа што станува збор за внатрешна состојба. Воспалението е имунолошки одговор на нешто што го иритира вашето тело. Може да се појави во форма на болка, проблеми со варењето на храната, отечени лимфни јазли, главоболка или осип на кожата. Ако забележите некој од овие симптоми, консултирајте се со вашиот лекар.

Се чувствувате вознемирено

Иако вознемиреноста по пиењето може да потекнува од многу причини, многумина кои имаат нетолеранција на пиво се чувствуваат вознемирено кратко откако го испиле. Ако се чувствувате постојано вознемирени по само едно или две пива, тоа може да биде знак дека вашето тело го одбива пивото.

Подуеност во стомакот

Неможноста да се сварат состојките во пивото, како јачменот, може да доведе до прекумерна подуеност. Но, сите газирани пијалаци може да предизвикаат подуеност, па овој симптом не може секогаш да биде сигурен показател, особено ако чувствувате само блага подуеност.

Дијареа

Алкохолот го забрзува метаболизмот, па дури и ако немате чувствителност на пиво, сепак може да предизвика дијареја.

Отечени очи

Ако сте пиеле претходната вечер и очите ви се отечени следното утро, тоа е очекувана појава. Но, отечените иритирани очи кратко време по пиењето може да бидат знак дека вашето тело не може да го поднесе алкохолот.

Ако не сте сигурни дали пивото е причина за таквата реакција, обидете се да избегнувате алкохол и преминете на пијалаци без глутен. Ако сè уште ги имате истите симптоми, вашиот лекар може да ви помогне да откриете дали станува збор за нетолеранција, за алергија или за нешто друго.

Прочитајте кои се предностите и недостатоците од пиењето пиво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар