4 начини на кои можете да проверите дали вашата коса е здрава и како да ја негувате

4 начини на кои можете да проверите дали вашата коса е здрава и како да ја негувате

Многу често се случува да не можете да ја препознаете состојбата на вашата коса на прв поглед. Сепак, постојат едноставни начини кои ќе ви помогнат да проверите дали вашата коса е оштетена и кои ќе ви откријат што да направите за да ја вратите во форма.

1. Тест за фоликули

4 начини на кои можете да проверите дали вашата коса е здрава и како да ја негувате

За да откриете дали вашата коса е здрава и дали опаѓањето на косата е нешто за што не треба да се грижите, треба прво да ги проверите корените. Еве што треба да направите:

  • Извлечете една влакно од косата, но обидете се да го зафатите колку што е можно поблиску до вашата глава за коренот да остане на влакното.
  • Испитајте ја фоликулата. Коренот на влакното треба да има форма на крушка и тоа значи дека вашата коса е здрава. Ако коренот на влакното има мала или воопшто нема форма на крушка, вашата коса е слаба и има потреба од нега.

Како да спречите опаѓање на косата:

  • Следете ја медитеранската диета. Едно истражување покажа дека го намалува ризикот од опаѓање на косата.
  • Избегнувајте затегнати фризури како коњско опавче, особено додека спиете, бидејќи тоа може да доведе до опаѓање на косата.
  • Внесувајте соодветни витамини и минерали во организмот.

2. Тест со чаша вода

4 начини на кои можете да проверите дали вашата коса е здрава и како да ја негувате

Овој тест открива колку е порозна вашата коса. Здравата коса е прилично цврста, додека оштетената коса брзо ја апсорбира течноста. За да го направите тестот, направете го следново:

  • Извлечете неколку влакна од вашата коса од различни делови на главата, како горниот дел, задниот дел и од секоја страна.
  • Пуштете ги влакната во чаша вода. Сосема здравите влакна ќе лебдат на површината, релативно здравите малку ќе потонат, а оштетените влакна ќе потонат целосно.

Како да ја третирате оштетената косата:

  • Нанесувајте разни видови масло за коса. Тие помагаат да се задржи влажноста што ја впива вашата коса.
  • Користете регенератор за коса по секое миење.
  • Нанесете јаболков оцет и алое вера за да ја регулирате pH-вредноста.

3. Тест за еластичност

4 начини на кои можете да проверите дали вашата коса е здрава и како да ја негувате

За да ја проверите еластичноста на вашата кожа, направете ги следниве едноставни чекори:

  • Внимателно извлечете едно влакно од косата.
  • Повлечете го нежно на краевите. Ако се оптегнува и се враќа назад, тоа е здраво. Ако лесно се кине, вашето влакно е прилично слабо.

Како да ја вратите еластичноста на косата:

  • Оставете ја косата да се исуши сама. Користењето топлина ѝ штети на еластичноста на косата.
  • Масирајте ја косата со масло од јојоба.
  • Нанесете малку мед на влакната. Медот е одличен природен регенератор и ќе ја задржи влажноста на вашата коса.

4. Тест за кутикули

4 начини на кои можете да проверите дали вашата коса е здрава и како да ја негувате

Со овој тест можете да ја утврдите состојбата на кутикулите на вашата коса за да видите дали се оштетени или не.

Еве што треба да направите:

  • Прицврстете едно влакно помеѓу показалецот и средниот прст.
  • Лизгајте го низ прстите, од врвот до коренот. Ако е грубо и рапаво, вашата коса е оштетена. Ако е мазно, вашата коса е здрава.

Како да ја третирате оштетената коса:

  • Обидете се со третман со кератин. Кератинот ја измазнува косата, го спречува разлетувањето и ја прави косата сјајна.
  • Ограничете ги бојадисувањето, виткањето и фенирањето.
  • Исплакнете ја косата со вода од ориз. Истражувањата покажаа дека таа останува некое време во косата и ја заштитува од оштетување.

Прочитајте што ќе ви помогне во одржувањето на вашата боја на коса и што може да ја уништи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар