Овие приказни докажуваат дека законите не го спречуваат абортусот, туку го прават поопасен

Овие приказни докажуваат дека законите не го спречуваат абортусот, туку го прават поопасен

Март е официјално познат како месецот на историјата на жените. Преку раскажување, лични есеи и дефинирање на тоа што значи да се биде жена во 2017 година, ова видео има за цел да покаже дека ниту еден закон против абортусот не може истиот да го спречи. Баш напротив, сè што се постигнува со овие забрани и рестрикции е ставање на женскиот живот во опасност.

Овие приказни докажуваат дека законите не го спречуваат абортусот, туку го прават поопасен

Откако постои човештвото, жените наоѓале различни начини за абортус и ќе продолжат да го прават истото дури и покрај сите забрани и закони. Жените во ова видео што ќе ви го скрши срцето објаснуваат во неверојатни детали како добивале абортус на места каде што тој бил нелегален. Тие минувале низ ужасни и застрашувачки искуства од кои памтат неиздржлива болка, компликации од операцијата, па дури и сексуален напад.

„Еден човек ме чистеше однатре исто како да сум парче овошје или слично“, вели Кони за нејзиното искуство на 16-годишна возраст, кога во 1953 направила абортус. „Болката беше толку интензивна што се сеќавам дека на моменти го напуштав моето тело. Не врискав, но се сеќавам дека имав чувство како да сум над моето тело, гледајќи се одозгора.“

Откако го отстранил фетусот и ѝ одржал говор да се држи настрана од момци и да го чува нејзиното тело чисто, докторот на Кони ја злоупотребил. Таа преживеала две трауматични искуства на нејзините тело и ум во еден ден.

Друга жена, д-р Семјуелс, не поминала самата низ абортус, но била сведок на три смртни случаи за време на нејзиното кратко стажирање во болница во Бруклин. Таа вели:

„Имам чувство дека многу повеќе жени умреа одошто е јавно признаено. А ова се случуваше пред само 50 години. За мене уште е како да беше вчера. Сè уште можам да им ги видам лицата.“

Целта е да се докаже дека правото на абортус го заштитува животот на жената, а и го подобрува квалитетот на живеењето. Што мислите, колку од оние што решиле да абортираат на црно преживеале? Колку од нив успеале да се извлечат без никакви компликации? Бројката сигурно не надминува 0. А дали знаевте дека по првото легализирање на абортусот во Америка, во текот на следната генерација криминалот значително опаднал? Што ви кажува тоа за оние жени што навистина не сакаат, ниту пак се спремни за одгледување и воспитување на едно мало и невино човече?

„Ако не го чуваме правото на абортус, многу внимателно и жестоко, ова повторно ќе почне да се случува“, дополнува Кони.

Што мислите вие, дали жената треба да има право на абортус или пак, сте од оние што не го поддржуваат овој акт? Ако спаѓате во втората категорија, дали можеби се подзамисливте откако ги чувте изјавите на овие жени?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар