Најчестите женски лаги и начинот на кој се употребуваат

Најчестите женски лаги и начинот на кој се употребуваат

Кога последен пат сте изговориле некоја лага? Сите ние, некој повеќе, некој помалку, лажеме, а одредени лаги ги кажуваме почесто од други. Ова е листата од најчестите женски лаги и начинот на кој тие се употребуваат.

1-koja-spored-vas-e-najdobrata-top-6-najchesti-zhenski-lagi-www.kafepauza.mk_

1. „Оваа чанта ја имам веќе подолго време“

Најчесто изговорената женска лага е дека нешто што купиле чинело помалку или дека е купено одамна. Оваа лага најчесто му ја „продаваме“ на нашиот партнер, бидејќи едноставно не сакаме да се препираме околу вредноста на нешто што навистина сме сакале да го имаме. Без разлика на тоа што ги трошиме сопствените пари и ги „пегламе“ нашите кредитни картички, кога ќе ја изговориме оваа лага најчесто се обидуваме да се оправдаме себеси.

2. „Добро сум! Не ми е ништо!“

Признаваме, нам секогаш ни е нешто. Постојано анализираме, нешто нè мачи, во дилема сме или само сакаме поголемо внимание. Женскиот мозок работи како најбрз процесор и отворени се најмалку 2.000 табови паралелно во пребарувачот.

3. „Сум била само со 3 мажи пред тебе“

Кога се броевите во прашање, не сме обрнувале внимание на часовите по математика. Партнерите ги броиме до максимум 3. Можеби таа скромна бројка има врска со тоа што сѐ уште сме конзервативно и патријархално општество во кое е пожелно жените да имаат што е можно помалку партнери.

2-koja-spored-vas-e-najdobrata-top-6-najchesti-zhenski-lagi-www.kafepauza.mk_

4. „Ме боли главата“

А кога имаме партнер честопати нè боли главата. Можеби тој изгледа како Аполон, но таблетата за таа главоболка сѐ уште не е измислена. Но, тоа не значи дека нашиот партнер не ни се допаѓа, туку само дека вечерта не сме расположени за секс.

5. „Тргнав, тргнав!“

А вие сè уште сте во пешкири, со мокра коса и барате што да облечете. Но, не сте виновни! Тие стрелки на часовникот едноставно водат тајна мисија против сите нас.

6. „Не сум љубоморна“

Можеби и не сме, но најчесто глумиме дека не сме. Но, ако нема ниту малку љубомора кога партнерот ќе погледне друга жена, можеби на неа и не ѝ е толку грижа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар