Летното сметање на времето е традиција која се практикува во неколку земји ширум светот. И покрај тоа, многу луѓе (и држави) би сакале ова да биде укинато. Се прашувате на што да внимавате кога ќе настапи летното сметање на времето? Ако веќе имате помислено дека тоа не е добро за вашето здравје и ве прави болни, тогаш дефинитивно сте во право. Погледнете ја оваа листа со здравствени проблеми кои се предизвикани токму од летното сметање на времето.
rn
1. Се зголемува ризикот од срцев удар
rnОпшто земено, поради различни причини, срцевите удари најмногу се случуваат во понеделник, а работата поврзана со стрес и нарушувањето на нормалното спиење се најчести. Но, една студија презентирана на американскиот колеџ за кардиологија во 2014 година во Вашингтон, открила дека ризикот за срцев удар се зголемува за 25% во понеделникот кој следи по префрлувањето на летното сметање на времето.
Во 2008 година една шведска студија заклучила дека зголемен ризик од срцев удар може да се случи и до 3 недели по летното сметање на времето. Оние кои повеќе се изложени на ваков ризик се луѓето кои најмногу реагираат на промените на времето, а особено оние лица кои пушат.rn
2. Може да се чувствувате понервозни
rnЧувството на замор и исцрпеност може да направи да се чувствувате доста непријатно. Оние лица кои се борат со ментални здравствени нарушувања или депресија, може да се здобијат и со сериозно нарушување на спиењето по започнувањето на летното сметање на времето.
Всушност, тоа може да доведе до зголемување на немирот и анксиозноста, да се појави несоница, која пак може да ја намали толеранцијата на стресните ситуации и да доведе до социјални проблеми во домот, на работа или на училиште. Тоа може да трае и со недели, додека личноста не се прилагоди на промените на времето.rn
3. Поподложни сте на зголемување на тежината
rnЗа време на летното сметање на времето, лицата со дијабетес се особено изложени на добивање вишок килограми. Стресот предизвикан од промената може да предизвика состојба на инсулинска резистентност, што води кон зголемување на тежината. Исто така во овој период се случуваат и промени во хормоните кои може да создадат желба за шеќер и јаглехидрати, што лесно водат кон качување на телесната тежина.
rn
4. Може да се чувствувате апатични
rnРечиси секој човек се жали дека се чувствува поуморно по менувањето на часовникот за летното сметање на времето. Заморот може да предизвика личноста да чувствува дека животот ѝ е бесмислен, а пак кај некои може да предизвика самоубиствени мисли. Според едно истражување во 2013 година, несоницата, заспивањето за време на возењето, па дури и психозата се зголемуваат за време на летното сметање на времето.rn
5. Можете да искусите „магла во мозокот“
rnПреминувањето во летното сметање на времето има значително влијание на хемијата на мозокот. Умот се бори со процесот на промени за да создаде рамнотежа. Тогаш може да имате чувство дека сте гладни, кога навистина ви треба само повеќе сон. Ова доведува до еден постојан круг на анксиозност и стрес.rn
6. Може да имате проблеми да заспиете
rnЗа време на летното сметање на времето, несоницата е честа појава. За оние кои се борат со неа или со некои други нарушувања на спиењето, промената на времето е вистински проблем. Кога личноста не може да има контрола над овие проблеми, промената на сметањето на времето создава хаос.

