Оваа кампања со 8-годишно девојче со двојна ампутација ќе ве натера да чувствувате многу емоции

8-годишната Дејзи-Меј Димитри е ѕвездата на најновата кампања за облека за деца од Ривер Ајлнд, и фотографиите со неа се многу инспиративни. Таа носи слатка облека што ѝ одговара со простетските нозе и изгледа навистина одлично!

Дејзи-Меј била дијагностицирана со фибуларна хемимелија (недоразвиени фибурални коски) кога се родила, па како резултати и двете нејзини стапала биле ампутирани кога имала само 18 месеци. Но, тоа воопшто не ја спречило да направи кариера како модел и манекенка или пак, да вежба во теретана со татко ѝ.

Претставник на компанијата објаснува зошто ја одбрале токму неа:

„Ние ги најмуваме моделите во однос на тоа кој најдобро одговара за специфичната кампања. За новата колекција спортска облека, ни беше потребен модел што има многу енергија и што изгледа одлично во парчињата облека. Дејзи-Меј Димитри совршено одговараше во сите точки. Бонус е фактот што таа има и љубов за сè што е поврзано со спортот.“

Дејзи-Меј потпишала договор со агенција што ги претставува луѓето со инвалидитет, и брзо потоа имала можност да оди на пистата за време на Лондонската модна недела во Февруари оваа година.

Таа често е барана од страна на големи имиња за модни кампањи, но кога не ја фотографираат, најчесто можете да ја најдете во теретаната или пак, како игра фудбал.

Таа е вистинска инспирација за целиот свет, како и доказ дека соништата се остваруваат без разлика на пречките на патот… А ако ви е потребна дополнителна инспирација, погледнете ја и оваа манекенка која прошетала на модната писта доејќи го своето дете.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар