Куче било напуштено на бензинска станица, а сега е симпатичен работник со полно работно време

Негао е пријателски настроено куче коешто сега живее фантастичен живот, но тоа не било случај отсекогаш.

Ова куче било оставено на бензинска станица, а сега е сладок работник со полно работно време

Сопственичка на бензинската станица „Shell“ во Можи дас Крузис, во Бразил, Сабрина Планерер еден ден забележала како ова куче се шетало околу станицата. Кутрото, било напуштено и оставено таму и се вртело наоколу, бидејќи било премногу исплашено за да си замине од бензинската станица.

Ова куче било оставено на бензинска станица, а сега е сладок работник со полно работно време Ова куче било оставено на бензинска станица, а сега е сладок работник со полно работно време

Сабрина едноставно знаела дека не може да го остави симпатичното куче, па таа и нејзиниот партнер решиле веднаш да го посвојат и да му ја дадат сета потребна нега. Го вакцинирале и го исчистиле од глисти. Му купиле храна, куќичка за кучиња и ремен за да го носат на прошетки.

Но, тука не завршува убавата приказната за кучето Негао. Сабрина и нејзиниот партнер не само што го посвоиле кучето, туку и го вработиле во бензинската станица. Да, добро прочитавте! Тие се сопственици на станицата веќе 2 години, а кучето го вработиле како поздравувач на муштериите.

Ова куче било оставено на бензинска станица, а сега е сладок работник со полно работно време

На почетокот, партнерите не знаеле како Негао ќе ја прифати неговата работна позиција, но набргу откриле дека тој има природно вроден талент.

„Негао чека да пристигнат луѓе и потоа потстанува за да им каже ,здраво’ и веднаш ги освојува нивните срца, со неговиот шарм. Муштериите просто, го обожуваат. Некои дури му носат и играчки на поклон“, објаснува Сабрина.

Ова куче било оставено на бензинска станица, а сега е сладок работник со полно работно време

Негао е ѕвезда на бензинската станица, а сега е и заштитно лице од локалната бразилска добротворна организација „Grupo FERA“. Претставник на организацијата, изјавил дека е пресреќен што кучето има дом и работа:

„Оваа приказна е навистина сензационална и ги охрабрува луѓето да имаат поголема почит спрема животните. Воедно, вработените на бензинската станица, уживаат во друштвото на нивниот четириножен колега.“

Прочитајте и за ова куче со деформитет на лицето кое добило втора шанса со ново семејство.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар