5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваат

Речиси и да не постои човек којшто не сака да патува, да истражува и да запознава нови, прекрасни дестинации ширум светот, но за жал тоа нè става во категоријата туристи. Туристите најчесто се сметаат за досадни од страна на локалните жители, бидејќи тие ја зголемуваат густината на населението, ги пренатрупуваат улиците, а некои знаат и да искажат непочитување кон историските обележја. И покрај тоа што туристите можат да ја подобрат економската состојба на многу места, за жал со самото растење на популарноста на одредени дестинации, во пакет доаѓаат и некои негативни последици. Еве во кои 6 дестинации, е направена штета поради преголемата посетеност на туристи.

1. Венеција, Италија

5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваат

Овој идиличен ренесансен град, познат по неговата прекрасна архитектура и канали, стана толку затрупан со туристи поради што голем број значајни историски знаменитости станаа недостапни. Венеција ја посетуваат повеќе од 80.000 туристи годишно и локалните жители не се среќни со тој факт. Околу 2.000 жители годишно се иселуваат од овој град и ако продолжат да го прават тоа, постојат шанси туристите комплетно да завладеат со областа. Дел од проблемот е вознемирувачкиот број на бродови коишто пловат по каналот Џудека 4-5 пати дневно, а создаваат бучава и испуштаат многу емисии на гас, коишто ги вознемируваат жителите. Воедно, градот нема толку многу сместувачки капацитети за да ги смести бројните туристи. Со сè поголемиот број на хотели коишто никнуваат низ градот, многу локални жители не можат ни да најдат место за живеење.

2. Големите пирамиди во Египет

5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваат

Додека посетата на едно од седумте светски чуда е разбирливо да стои во вашата листа на патувања, тажната вистина е тоа што Големите пирамиди може нема да постојат уште премногу долго време. Поради изминатите бројни децении поминати во огромен метеж, пирамидите и Сфингата претрпеле непоправлива штета од ерозија. Тие се толку древни, па каков било обид да се поправи настанатата штета може само да ја влоши нивната состојба.

3. Островите Фи Фи, на Тајланд

Живописниот залив и плажите на островите Фи Фи привлекуваат околу 5.000 туристи секој ден, коишто пристигнуваат со шатл-бродови од ресортите на копно во Краби и Пукет. Постојаниот бродски сообраќај се заканува да ги уништи коралните гребени околу островите. Поради тоа, оваа година тајландските власти соопштија дека привремено ќе ја затворат плажата Маја Беј во периодот од јули до септември, којашто се популаризираше со филмот „Плажа“, со Леонардо ди Каприо во главната улога. На овој начин, тие се обидуваат на гребените да им дадат шанса да закрепнат од штетите. Пред 20 години, многу малку луѓе имаа слушнато за овие острови и тие навистина беа „далечен рај на Земјата“. Денес, островите Фи Фи се мета на многу туристи, на коишто им е најважно да направат селфи-фотографии, а тоа оди на штета на екосистемот.

4. Мачу Пикчу, Перу

5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваат

На историскиот археолошки локалитет Мачу Пикчу, исто така му се заканува опасност, но не само од туристи туку и од природни катастрофи како што се лизгањето на земјиштето и пожарите. Проблемот се состои во тоа што властите на Перу, немаат ресурси за да можат да предвидат кога ќе се случи лизгањето или пожарите, поради што посетителите се ставени на ризик. Како и со секој друг археолошки локалитет, така и тука, неконтролираниот туризам претставува закана за интегритетот на урнатините. Луис Лумбрерас, независен археолог којшто ги проучувал урнатините, повеќе од 40 години има изјавено: Мачу Пикчу никогаш не беше наменет за голем број луѓе… Ако на него ставиме туристи со чизми, коишто скокаат, трчаат, се искачуваат и слично… тоа е опасно.“

5. Санторини, Грција

5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваат

Познатиот „Остров на љубовта“ Санторини привлекува повеќе од 2 милиони туристи годишно, што е 130 пати повеќе од бројот на локалното население (15.500 жители), коишто доаѓаат да уживаат во беспрекорните плажи и фантастичната грчка архитектура. Проблемот се состои во тоа што масовниот број на туристи ги трошат природните ресурсите што ги има островот, како што е водата. Санторини едноставно нема инфраструктура и услуги коишто можат да ги задоволат сите тие туристи.

Исто така, трошоците за живот се имаат зголемено, па на работничката класа ѝ е сè потешко да најде место за живеење коешто ќе може финансиски да си го дозволи. Ова делумно се должи на фактот дека сопствениците на имоти почнаа сè повеќе да ги изнајмуваат нивните соби преку сервисот „Airbnb“ поради што поскапува изнајмувањето место и станува недостапно за постојаните жители. Со бројка од над 70.000 луѓе туристи коишто пристигнуваат секој ден во текот на високата сезона, на локалните жители им претставува проблем да бидат домаќини на толку голема толпа од луѓе, одеднаш.

6. Островот на свињите, на Бахами

5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваат

Веројатно досега сте слушнале за Островот на свињите „Pig Beach“, официјално познат под името Биг Мејџор Кеј, кој е еден од 365-те острови во областа Ексума, на Бахамите?! Овој остров привлекува многу туристи, коишто се во потрага по уникатен тропски рај, во којшто свињите слободно пливаат. Пливањето и милувањето на овие пријателски настроени свињи беше навистина забавна активност, сè до моментот кога тие започнаа да умираат од туристи коишто ги прејадувале со храна. Се вели дека останале уште само 15 на островот. Свињите на овој остров имаат специјална исхрана, којашто дефинитивно не вклучува пиво и рум, а познато е дека туристите им нуделе алкохол, а дури се обидувале и да ги јаваат.

Прочитајте ги и овие 7 работи кои никако не треба да ги правите како туристи.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар